Во Македонија фалат дијалози за внатрешно политичките и економските теми. Фалат дијалози од разни структури каде на иста маса ке седнат представниците на партиите од позицијата и опоцицијата, експерти, граѓанскиот сектор представуван преку НВО.
Уште повеќе фалат дијалози со соседите за отворените прашања. Секако најпожелни се дијалозите на експертите. Често граѓаните не ги разбираат суштините на спорните прашања, слушајки ја само својата страна.
Овие денови по подолго време (не се сеќавам кога имало претходно ваков настан) се организира дијалог меѓу Македонски и Грчки експерти, каде секој од експертите ке говорат за својата област. Целта е да се појаснат и приближат гледиштата околу спорот за името кој Грција го поведе пред меѓународните организации, почнувајки со теми кои наизглед не се директно поврзани со името, туку се дел од некои други теми, кои како целина сепак можат да се стават во корелација со главниот проблем т.е. со името на нашата држава.
- Македонски и грчки интелектуалци, професори и новинари ќе се обидат да го топат мразот во затегнатите односи меѓу двете соседни земји.
- Спорот за името нема да биде централна тема на денешната тркалезна маса, организирана во Скопје, насловена како „Заедно - градење мостови“, туку прашања од сопствениот двор што се однесуваат на почитувањето на човековите права и слободи.
- Дебатата што ќе се одржи во скопскиот хотел „Александар палас“ денес попладне ќе учествуваат дури петмина гости од Грција
- Кристина Кулоари, професор на одделот за социјална и образовна политика од Универзитетот во Пелопонез,
- д-р Атина Скуларики, предавач на одделот за социологија на Универзитетот во Крета,
- Константинос Цицеликис, од одделот за Балкан, словенски и ориентални студии на Универзитетот Македонија во Солун, кој воедно е и заменик-претседател на Хеленската лига за човекови права,
- д-р Лаброс Балтсиотис, од одделот за политички науки и историја „Пантеон“, Универзитет од Атина,
- Димитрис Кристопулос од атинскиот Универзитет „Пантеон“ и директор на Хеленската лига за човекови права.
- Ќе зборуваат за учењето на регионалната историја, (зло)употребата на националната историја во јавниот дискурс, за исламот и постотоманската христијанска држава, за грчко-албанските држави, човековите права и консолидацијата на владеењето на правото низ призмата на дебата за законот за стекнување грчко државјанство.
- Македонската, условно кажано, страна ќе ја претставуваат
- Професорот по меѓународно право д-р Љубомир Д.Фрчкоски, кој ќе говори за човековите права во Македонија меѓу популизмот и митоманијата.
- За македонско-албанските односи ќе се осврне професорот по историја Владо Поповски,
- За правото на приватна сопственост, поранешниот претседател на Уставниот суд, Милан Недков,
- За популизмот и злоупотребата на испитувањето на јавното мислење, директорот на Брима Галуп, Ѓорѓи Кимов.
- Меѓу воведничарите се и извршниот директор на ФИООМ, Владимир Милчин, кој ќе се задржи на притисокот врз индивидуалните права,
- Македонскиот омбудсман Иџет Мемети,
- како и професорот Гордан Калајџиев од Правниот факултет, кои ќе говорат за државната администрација и за полицијата.
- Иницијативата за ваква средба и за размена на искуство потекнува од професорот Фрчкоски и од неговиот грчки колега Кристопулос, за време на минатогодишното предавање на македонскиот експерт по меѓународно право за карактерот на грчко-македонскиот спор на еден тамошен универзитет.
No comments:
Post a Comment