Search This Blog

Sunday, January 03, 2010

Блог заедницата взаемно се помага … некои се разочарани, но се чини повеќето се задоволни

Сигурно се прашувате зошто баш пред нова година се почне со селењето. Не дека знам  зошто, но ако гледам по аналогија како тоа го прават партиите од власта – имено вестите кои може да донесат многу голема бура секојпат се соопштуват во петок, за да до поледелник две ноќи веста преспие а тие т.е. власта смислат како да се бранат.     Повеќе ».....

Веројатно затоа и мигрирањето се изврши пред новогодишните празници, за да се покажат детските болести и да не навалат сите со прашања и жалење. Проблемите ке се решаваат во од.  Битно е дека концепцијата на блогирањето на оваа нова платформа битно се разликува од старата платформа, по својот квалитет и многуте нови можности на оваа платформа.

А. – Колку успеав да пратам ситуација сега засега најкрупен е проблемот кај оние што имаат кириличен јузејнејм, па уште ако има и размак во него додатно се компликува ситуацијата. Со овие проблеми администраторите на новата платформа ке си имаат сериозна работа од понеделник натака да го дефинираат проблемот и одстранат. Некаква помош е дадена од Пипо – Проблеми со корисничко име, но мислам дека ова нлогмастерот мора да го среди од понеделник натака …
Б. – Фали насловната страна да информира за сите слични содржини. Преку насловната досега лесно пратевме што се случува на другите блогови, каде станува жешко и интересно …
В. – Фалат појаснувања за неискусните блогери.
Г. – Но затоа има неколку блогери кои несебично помагаат и советуваат како да се решат одредени проблеми (рибарските блог финти).
Д. – На многумина им фали едиторот на темплејтот. Блогерите не се научени да бидат ограничени во визуелното представување. Фалат виџети за генерална промена на позадина на пример, за промена на боја на линковите и насловите, за промена на големина на буквите и фонтовите … Во овој поглед денеска видов добро појаснување на овој пост за ставање на “Ставање свој CSS“ .
Ѓ. – На друг пост видов добро упатство за ставање на банери „Како да се постават банерчиња?
Е. – Тука на овој пост во еден од коментарите има детално упатство како да поставиш Сајтметар …
Ж. – Гледам дека веќе се формираа групи за социјално дружење, нешто што е модерно во последните две години, нешто што одвлече многу блогери на фејзбук да речеме …
З. – Отсега ке престане потребата да се отвараат повеќе блогови со поединечно поминување на процедурата – сега на истиот јузернејм може да се отворат и по неколку блога, ова е добро за луѓето кои сакаат на оделни блогови да прават оделни помали и поголеми проекти за одредена тема …
И. – Од помош се и неколкуте постови на блогот на kuzman0v.blog.mk
Ј. – Ова е едит, ке ја потрошам целата азбука, гледам Пипо има и друг корисен пост Линк на името при коментирање – Туторијал , тука е и појаснувањето за Проблем со јузер – Туторијал,
К. – Веќе има неколку блога и блогери кои на времето се тргнаа од блогерај. Не само што  се вратија на новата платформа со мигрирање, туку паралелно пуштаат и нови записи …  беа мудри и не ги избришаа блоговите на времето …

Веројатно има уште десетина постови со откривање на мали блог финти за новата платформа. А можеби Рибаро ке се сожали па пак ке ги собере во еден напис :)
Повеќето од блогерите беа задоволни заради тоа што во новата платформа има можност за модерирање на коментрите – нешто кое беше најголема слабост на старата платформа. Немаше крај на изживувањето на некои луѓе, кои го труеја блогерајот окомувајки се организирано кон некој блог или блогер. Сега гледам тие истите луѓе плачат зошто во оваа платформа секој од нас може точно да види кој коментар од која ИП адреса е пратен во точно опредесленото време, ги има мејловите од каде се праќани коментарите … тие што плукаа сега кукаат дека им е загрозена слободата на правото да плукаат и трујат … Заборавија дека се што еднаш ке биде пишано на интернет е проследено со одреден протокол кој лесно го пронаоѓа пишувачот.

No comments:

Blog Archive

Site Meter