Ако се проследат сегашните активности на поголемите политички партии кои се карактеристични за предизборието, се чини дека веројатноста во блиска иднина да имаме предвремени парламентарни избори секојдневно станува се поизвесна. Владината коалиција со ВмроДпмне на чело иако изјавува дека не се подготвува за избори - меѓу редови се чита дека се подготвува за избори кои би се организирале во текот на оваа година.
Повеќе ».....
- Почна со писмото на Груевски до своите сопартијци, за конечната пресметка со некои политичари од соперничките партии
- Се активираа месните комитети и се почна работа со народот
- Се засилија рејтингувања - каде не се признаваат нарачани рејтинзи од соперничките партии
- Се затега коалиционата соработка со ДУИ
- Почна со засилено давање на интервјуи во оделни ТВ медиуми - и тој процес не запира. Медиумите тријат раце
- Се даваат изјави дека не се гледа решение за ЕУ и НАТО интегративните процеси бидејки ставот на Грциците е непопустлив
- Се даваат специјални права на оделни групи на луѓе кои се масовно гласачко тело
- Пример се одобруваат пенционерите со бесплатни бањи - сега не е за секој но е во голем број
- Се велича мерка за откуп на дворови за едно евро квадрат. Десет иљади граѓани веќе ги купиле дворовите со таа цена. Вистината е друга, истата Влада на Груевски најпрвин енормно ги зголеми цените за дворните места и ги стави тие граѓани кои ги купија дворовите поскапо во нерамноправна позиција во однос на сегашните
- Се најавува полиберален закон за забрана на пушење - се чини пушаците се половина од гласачите
- Во поново време се заговара зголемување на старосната граница за увоз на странски автомобили - оваа тема деновиве е најактуелна
- Од најавата на реформа во администрацијата не се слуша ништо - иако е неопходна заради консолидирање на буџетот каде најголема ставка се платите на бројната администрација - која во разни бројки се движи од 80-120.000 луѓе и гласачи истовремено
- Забележителна е борбата за традиционалното гласачко тело на десните Вмро партии и левите социјалистички партии. Во центарот останаа сами ЛДП кои се нападнати со преминувањето на некои нивни видни членови во СДСМ. Особено е видна борбата мешу ВмроДпмне и Обединети за Македонија - тука не се бираат ниту средства ниту зборови. Но и партијата на поранешниот Премиер и оснивач на ВмроДпмне е со засилени активности. Поради незадоволството внатре во членството на ВмроДпмне се чини дека поделбата на ова инаку компактно гласачко тело е неизбежна. Тоа го знае и Груевски и од тоа највеќе се плаши.
- Константа е бројат на неопределените, која се движи околу 40 шроценти од гласачкото тело. Ти се тие кои превагнуваат на тасот на сите избори. Од нив зависи кој ке биде победникот а кој губитникот на изборите. Досега во поголем број се одлучуваа да не гласаат. Се осеќа дека има место за уште некоја нова партија во центарот со нови лица - но, на сите им е јасно дека прасе пред божиќ не се гои и не верувам дека има време да истрча некоја нова партија на сцената.
Ни опозицијата не спие - и таа најпрвин нели изготви програма, ги консолидираше штабовите, работи со базата и сомедиумите. Најавуваат окрупнување иако тешко им оди со тоа. На опозицијата и одговара термин за избори што поблизок до оној редовниот, но факт е веќе дека никој не вели дека несакаат избори.
No comments:
Post a Comment