Search This Blog

Friday, January 15, 2010

Трагедијата/ите на Хаити

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/ce/Haitian_national_palace_earthquake.jpg/800px-Haitian_national_palace_earthquake.jpg
Ноќеска ми беше еден од оние денови кога неможев да спијам, трипати легнував и станував. Двапати седнував пред компјутер. Бидејки имав време се запознав малку повеќе со трагедијата на Хаити и неговата историја. Епицентарот на земјотресот погодил скоро 4 милионското подрачје со земјотрес од катастрофални размери 7.0 + уште триесетина со јачина од 5-6. Сега се проценува дека осем што има скоро 4 милиона бездомници има и цирка 100.000 жртви. Населението е без струја, вода, без болници. Им треба се.         Повеќе ».....

Хаити или Аити на локалниот јазик означува “Планиска земја“. Хаити го дели најголемиот карипски остров Хиспањола со Доминиканска Република е во комшилук на егзотничните земји од Карибското море: како Куба, Јамајка, Порторико, Бахами… Господ кога ја стварал земјата подарил многу убава природна животна средина со благи клими, земји на која има природен рај со букна вегетација. Како последица на колонијализмот и робовладетелството во 17-тиот век, овие територи се населуваат со робови од Африка, робовите неможејки да го издржат тешкиот живот дигаат револуции што пак ствара услови за нестабилни политички системи. Овие територии се изложени на неброени природни катастрофи како земјотреси, урагани, цунами и слични природни катаклизмични појави.

Господ дава, ама и зема. Веројатно не е до господ туку до човековата похлепна природа за овоземни богатства и лагоден живот.

На Хаити бељата никогаш не доаѓа сама, но како и никојпат да не престанува, таа е секојпат во придружба на нова, се надоврзуваат во низа. Природните и политичките катастрофи се редат како на филмска лента едноподруго (револуција, преврати, хунта, ураган, цунами, земјотрес, сиромаштија…). Хаити е земја со територија колку Македонија. Во неа живеат скоро десет милиони жители. Просечната заработувачка на Хаити е 400 долари на годишно ниво. Хаити е земја со бројна емиграција во сите светски емигрантски дестинации, но највеќе во Доминиканска Република 800.000, САД 600.000, Канада 100.000. Ги има и во Куба, Бахамите, Англија, Ирска, Франција …

Политичката историја на Хаити почнува со Колумбо кој во 1492 година го прогласува островот Хиспањола за Шпанска колонија. Во 17 век се населува со робови од Африка. Шпанија во 1697 година го препушта Хаитскиот дел на островот Хиспањола на Франција, кој во това време се нарекува Санта Доминго. 1804 година островот преку револуција прогласува самостојност. Во слободната политичка историја на Хаити има многу нередија и воени управи. Во бурната 200 годишна самостојна политичка историја на Хаити се редат 50-сет претседатели, од кои повеќе од половина се сменети со политички и воени преврати.

Хаити со последниот катаклизмичен земјотрес уште долго време ке биде на врвот на тикерите на вестите од светот. Деновиве гледавме лица облеани со крв и побелени од прашина, несвесни што им се случува. Светот уште еднаш има шанса да ја покаже својата хуманост. На Хаити имаше голема мировна мисија на ООН, триесетина и од нив загинаа во земјотресот. Ако ја погледнете претседателската палата како е скоцкана со земја,  ке Ви стане јасно дека и се` останато не пминало ништо подобро.

Во минатото по вакви катаклизмични земјотреси градовите се селеле на сосема нови локации и се почнувало од почеток. Сетете се на Скупи кој по големиот земјотрес во 518 година – згаснува на локацијата на античко Скупи. И во 1555 година Скоје има катастрофален потрес  кој срамнил се со земја, секако и во 1963 година. Скопје како град на солидарноста изграден со донации од целиот свет и со обилна помош на републиките во федеративна ЈУ знае дека без помош на светот овие три милиони настрадани луѓе се беспомошни. Помалку смешно звучи помошта што градот Скопје ја издвои за Хаити. Дваесина иљади евра е премалку од еден град на солидарност, град што знае што зналчи земјотрес.

No comments:

Blog Archive

Site Meter