Search This Blog

Tuesday, January 12, 2010

Уставна срамота


Државата го менува уставот толку често што испаѓа дека еден наш Устав не може да ни издржи ни додека трае едно наше рало на патики. Ако го земеме фактот дека во повеќето реномирани држави уставите не се менуваат одкако ке се донесат – оваа наша практика представува наша устана срамота. За се нешто одговорот на проблемот го бараме во „лошиот“ Устав. Ако на ова се додаде воспоставената практика наши највисоки политички авторитети, Премиер, Претседател да критикуваат одлуки на заштитникоит на Уставот (Уставниот суд) уставната срамота станува уште поголема.         Повеќе ».....

Деновиве се врши невидена хајка од власта предводена со нападите на Премиерот дека Уставниот суд е партијски диригиран од опозицијата и прави невидена хаварија во одлуките на актуелната власт. Наместо да се запрашаат кај грешат кога ги ност законите и да поведат постапка на барање на одбоворност за лошите предлози на законите кои содржат противуставни одредби – највисоката власт  предводена од Премиерот си дозволува да го рушат угледот на институциите на државата и јавно да истакнуваат дека заради Уставниот суд државата неможе да спроведе ниедна реформа во државата. Дека не ни оди крив е Уставот т.е. Устаниот суд кој е диригиран од опозицијата.

Ова е вистинска голема срамота на нашите највисоки раководители/авторитети кои ги имаат сите конци, сета власт во своите раце, власта во Владата (извршната), власта во Парламентот (законодавната), власта во локалната самоуправа (локалната власт), власта на Претседателот на РМ, власта на скоро сите судски инстанци (судската власт) а каменот го фрлаат по Устаниот суд кој има задача да го брани Уставот, онаков каков е моментално на снага.

Деновиве се заговара да се менува начинот на работа на Уставниот суд и начинот на неговиот избор, што значи нова промена на Уставот и нова Уставна срамота.
  • Има иницијатива да се зголеми бројот на Уставните судии, кои ке ги изгласа сегашната власт за да ги мајоризираат старите Уставни судии.
  • Има иницијатива да се ограничи кој се` може да предлага т.е. да поведува постапки за оценување на устаноста на законите – во правец пред се тоа да не може да го прави граѓанинот како единка …
Власта се премислува, бидејки заради ова ке мора да направи нов пазар со ДУИ кој во случајот на Уставниот суд одавна бара воведување на Бадинтеровиот принцип.

Постари записи за истава тема:

1 comment:

Anonymous said...

[b][url=http://film-book.rut]фонтаны рая скачать аудиокнигу [/url][/b] - здесь ты найдеш для себя любой каприз!!
Адрес сайта : http://film-book.ru

Blog Archive

Site Meter