Search This Blog

Monday, November 23, 2009

Зошто Министерството за внатрешни работи не воведува меил апликација за добивање на Лична карта и Пасош, има ли неуставност во оваа постапка ...

 http://www.mvr.gov.mk/images/Image/plakatWebLK___.jpg
Ова е трет мој пост каде јавно го прашувам Министерството за Внатрешни работи зошто не воведува можност меил апликација за вадење на лични карти и пасошти.  Повеќе ».....



Единствено логично ми испаѓа дека тогаш Министерството за неколку дена ке ги добие сите апликации и ке се доведе во ситуација да соопшти дека технички работата неможе да се спроведе за половина година ... тогаш топката ке биде кај Министерството за внатрешни работи ...

Вака секојпат државата ке може да тврди дека граѓанинот не си ја завршил работата на време (не поднел на време ни барање за промена на лична карта ...) - за да може да му се заканува со казни, иако казнувањето на граѓанинот по овој основ е неуставно. Со еден закон ако на граѓанинот си му дал некое право со друг закон не можеш да му го земеш тоа право. На пример со еден закон си прогласил дека личната карта што му ја издаваш му е перманентна, т.е. важи до одреден датум - а со овој закон го укинуваш тоа и го тераш граѓанинот да вади нова ... граѓанинот секојпат во правниот систем може да се повика на правото на заштита на стриот закон кој за него е поповолен ...

Неуставноста на овој закон е и во делот на нерамномправноста на граѓаните. Имено можеш да аплицираш само од линиите на Т-хоум. Од други линии од други телефонски оператори тоа не ти е овозможено. Башка што може да немаш воопшто телефонска линија ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter