Search This Blog

Thursday, November 05, 2009

Пирамидално државно задолжување ?


Државата деновиве повторно се задолжи кај домашните банки и компании за цирка 40 милиони евра - од кои 2 милиона за да врати поранешни слични кредити. По некои проценки ваквите задолжувања се движат околу 200 милиони евра. Мене ова веќе ми личи на пирамидално задолжување, со оглед дека не се очекува брзо заздравување на стопанството и зголемување на редовните приходи во буџетот. Вонредните приходи преку казни и нови намети кон фирми и граѓани очито не ја покрива буџетската дупка. Сето тоа го умртвува претприемачкиот дух, нови бизниси се вистинска реткост не само во странските туку и во домашните инвестиции ...   Повеќе ».....
Ако не ме лаже математиката државата веќе плаќа накај 5 проценти месечна камата на позајмените пари. Ова ме подсеќа на времето од почетокот на овој век, кога се створи пирамидалното граѓанско штедење кое се круниса со случаевите на паѓањето на пирамидалните штедилници ТАТ, Лавци и други ... Ако нешто сензационално не се случи во ставката на редовните даночни приходи (раст), сето ова на долг рок води кон целосен лом на државниот буџет ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter