Универзален валутен корвертор
Некогаш имавме мака кога требаше заради различни потреби да направиме конверзија на некоја домицилна валута во нашата или во некоја валута која ни е блиска (во долар или евро). За таа потреба во миатото се обраќавме на специјална служба на Народна Банка која телефонски ни ги даваше односите. Сега е сето тоа лесно - има толку многу интернет онлајн валутни конвертори што се е сведено на вистинска леснотија . Со само неколку притиснувања на тастерите на онлајн сајтовите на валутните конерери, ние ја имаме потребната информација - колку кошта хотелот во Хрватска или Танзанија да речеме. Можеме да споредуваме и да планираме. Повеќе ».....
Шетате на пример во Турција и ги гледате примамливите излози со цени во турски лири. Ако немате сознание колку е тоа во наши динари или евра вие сте “изгубени во преводот“. Јас кога имам потреба да споредувам инстантно цени а сум во некоја странска држава се користам со една функција која ја има секој дигитрон па и оние џебните. Најпрво треба да се дознаее соодносот на валутите - е за ова се сега прекрасни овие онлајн валутни ковертери. Кога ке го дознам “факториелот“ соодносот де, го внесувам во дигитренот со просто внесување на соодносот и со притискање на двапати “помножено“ “помножено“ - дигитронот го памети последниот внесен факториел. Тогаш само ја внесувате цената која е во турските излози изразена се разбира во турски лири. Со претискање на “равно“ добивате цена во динари или евра зависно кој факториел/сооднос сте внеле во вашиот дигитрон ... Убавината во сето ова е дека за нова цена внесувате само нов износ и со повторно претискање равно добивате нов износ во посаканата влута која ја разбирате, денар или евро или било која ...
На интернет постојат брдо на онлајн валутни конверери. Оној кој е највисоко на Гоогле листата кога пребаруваш е Full Universal Currency Converter. Сега е просто како граф што би рекла бабами.
No comments:
Post a Comment