Има ли Македонија територијални претензии, присвојува ли туѓа историја, гаи ли добрососедски односи, присвојува ли историски личности, дали е творба на коминтерната и ТИТО, ... На сите овие прашања мораме да дадеме јасни одговори, за да го одстраниме сомнежот на демократскиот свет во нашите “скриени“ намери ... Мора јавно да ги поставиме сите наши црвени линии. Повеќе ».....
На сите овие три обвинувања на Грците им се приклучува и Бугарија со тоа што додава неколку нејзини тврдења. Имено тие не го признаваат Македонскиот јазик, Македонското писмо, оспоруваат историски личности кои ние ги славиме како темелници на нашата култура и историја - велејки дека се тоа Бугари, Охридската архиепископија и се што произлегува од неа велат дека е бугарско културно наследство, се спорат дури и народни песни кои се пеат во Македонија како Македонски ... Со Бугарија јасно треба да ги отвориме сите прашања кои не раздвајаат, за да не се зачудиме кога тие самите ке ги постават оној момент кога со Грција ке го решиме спорот, ако го решиме.
Со Србите се чини единствен проблем е канонското непризнавање на МПЦ, но има и други помали и поголеми спорни прашања кои се во областа на заштита и грижата за културно историските споменици од минатото и нашиот однос према Косово.
Албанците од Призренска лига навака си имаат своја агенда. Ако може да има две албански држави, тие би работеле и работат на трета ИЛИРИДА, да не заборавиме дека заради неа спроведоа и референдум а не гласаа за нашиот устав, не го почитуваат државното знаме и останатите симболи. Ја поткопаа државата од внатре спроведувајки политика и акции на тивко и нетивнко етничко чистење, покренаа војна за територии скриени во повезот на своите човекови права и правата на малцинствата. Не плаќаат ни даноци ако за тоа постои начин, долго време ни струја не плаќаа. Се изборија за лабава бинационална држава, но чекор по чекор одат на вистинска бинационална држава, веројатно со цел еден ден да се створи трета држава на Албанците во малиот балкан.
Да не ги заборавиме косоварите кои се тесно роднински поврзани со нашите албанци ... Нашата добра политика према независно Косово оди во пропоционално влошување на односите со Србија.
Едно од клучните прашања е и: се користи ли тврдата агресивна национална политика заради добивање на власт во Македонија.
Имаат ли Македонците во Македонија предност во остварувањето на граѓанските и човековите права, во однос на другите националности и национални малцинства.
No comments:
Post a Comment