Search This Blog

Monday, November 02, 2009

Медиумите бараат спас во наплата за користење на нивните интернет содржини.

Медиумите воопшто со во економска криза. Процесот на намалување на продадените печатени тиражи е евидентен светски процес кој одавна ги зафати и нашите простори. На сето ова медиумите се притегнати од се побогатите бесплатни интернет содржини. Светските медиуми одговараат со зголемување на квалитетот на понудените написи и со освојување на интернет просторот во кој се обидуваат соодветно да наплатен рекламен простор.       Повеќе ».....

Ако може мултимилијардерска компанија од калибар на Google.com  да работи само со наплата на својот рекламер простор поради квалитетот на содржините што ги нуди - тоа мораат да го сторат и медиумите за да опстанат во трката со бесплатните интернет содржини. 

Некои светски медиуми се обидваат да направат екстра понуда која ке ја наплатуваат кај своите читатели. Тоа сеуште е во обид.

Во нашиот случај медиумите се со најголема зависност од дирекната и индиректната/скриената помош која на многу начини ја добиваат од државата, бидејки е евидентно паѓањето на продадените печатени тиражи. Новинарите се притиснати од сопствениците кои им ја кројат нивната слобода на новинарски израз. Таканареченоата слободно новинарство во наши услови е само флосула и фарса. Новинарите кај нас станаа ефтина роба поради бројот на понудата на новинари и премалку медиуми кои стојат на стабилни економски платформи.

Понудата на интернет содржините на македонските медиуми се чини им е сеуште во експериментална фаза. Нашите електронски медиуми (без телевизиите) не успејаа да привлечат компании кои би се рекламирале на нивните електронски изданија. Од друга страна многу од медиумите имаат скратена електронска верзија - значи неможе да станува збор дека прават стратегија да наплаќаат специјални квалитетни содржини подигнати на интернет.

Во Македонија медиумите се поврзуваат со таканаречените случаи “Фабрика“ - каде оделни медиуми се спнзорирани за да пишуваат промотивно кон оние кои ги спонзорираат. Сегашната пак власт направи своевидна нова “Фабрика“ каде заради енормните рекламни кампањи на владата на пазарот опстануваат само медиумите кои ги добиваат рекламните владини кампањи. Се шушка дека скоро сите ВАЦ изданија се во криза, за што имавме своевидно препукување помеѓу изданијата на Рамковски и ВАЦ изданијата.

No comments:

Blog Archive

Site Meter