Search This Blog

Friday, November 27, 2009

Тонењето на индустријата продолжува ... кој лаже рогот или козата


Наспроти оптимизмот на Ставревски дека економијата заздравува, на база на што повторно испрограмира оптимстички буџет за 2010 година - Заводот за статисика искочи со нови бројки врзани со индустриското производство:        Повеќе ».....

  • Индустриското производство во октомври  за 8,7 отсто  е намалено споредено со претходниот месец.
  • Индустријата од почетокот на годината до ноември потона за 11,3 отсто споредено со истиот период лани
  • Вадењето и преработката на руда и на камен од почетокот на годината се намалија за 13,5 отсто споредено со истиот период лани.
  • Преработувачкиот сектор падна за 13,2 отсто.
  • Најмногу настрада дрвната индустрија со пад од 43,3 отсто.
  • Текстилниот сектор има пад од 23,4 отсто.
  • Единствен пораст се бележи во електроенергетскиот сектор кој порасна за 7,5 отсто. Веројатно ова се должи на растот на цените.
  • Бројот на работниците во индустријата во септември 2009 година, во однос на истиот месец од претходната година, намален за 9.6%
Ако на ова се додаде блокадата на 6.000 компании и најава за блокада за нови 12.000 компании - оптимизмот на Ставревски не е подкрепен со бројки. Да, навистина расте но само бројот на административците. Спопанствениците итно бараат антикризни мерки - владата одговара со смирувачки тонови дека работите одат на подобро, на кога да му веруваме - на козата или на рогот.
  1. Соопштение на Државниот завод за статистика за движење на индустриското производство
  2. Соопштение на Државниот завод за статистика за движење на вработувањето во индустрискиот сектор

    2 comments:

    Anonymous said...

    Sto bese ova crno prognoziranje batka ...... a da ni kazese koga ke se raspadne drzavava,ne mora vo procenti ke ne zbunis ....

    Anonymous said...

    I like to take breaks during the my working day and appear through some blogs to determine what folks are stating. This blog appeared in my searches and that i could not aid but clicking on it. I'm glad I did due to the fact it had been a very satisfying study.

    --------------------------------------------
    旧金山华人
    Also welcome you!

    Blog Archive

    Site Meter