Search This Blog

Monday, November 23, 2009

Скопје не си ги одбележува годишниците ... Сто години од првата светилка во Скопје и првата филмска проекција


Попрецизно би рекол дека Скопје не си ги одбележува сите позначајни годишници. На сајтот на www.kingmarkoland.com одбележани се позначајните датуми од историјата на Скопје. Од праисториската населба Тумба Маџари до денеска набројани се повеќе од стотина значајни години и датуми. Од сето тоа многу малку се одбележува во сегашноста. Има полно цивилизаторски придобивки кои заслужуваат посебно да се одбележуваат:         Повеќе ».....

  • 1028 на 21 ноември на ден Воведение на Богородица секоја година се организира панаѓур а секоја среда и петок дубровачките и веницијанските трговци во манастирската ливада денешна Стара чаршија во Долен град ги продавале своите производи. (На овој ден и датум може да се прославува денот на трговијата и трговците на Скопје)
  • 1445 Исак Бег го изградил Безистенот и ја основал првата библиотека.
  • 1849 почнала да работи прва пошта
  • 1872 година била пуштена во сообраќај железничката пруга Скопје-Солун.
  • 1889 изградена е Телеграфана од синот на султанот Абдул Хамид Хан Втори.
  • 1891 основана прва печатница од Теодосиј Гологанов со словенски букви донесени од Виена. 
  • 1900-1908 бил граден Градскиот парк на 114 ха.
  • 1903 со топка од партал на насатва по гимнастика учениците играле фудбал, по тој повод е поставен споменик Бронзана фудбалска топка 1978 пред Министерство за одбрана.
  • 1906 Шефкет Паша ја изградил првата театарска зграда.
  • 1907 проработил првиот трамвај од паркот Ислахане до Бурмали Џамија. 
  • 1909 пуштена прва електрична светилка одржана прва филмска проекциаја
  • 1911 по улиците на градот Скопје се движел првиот автомобил-рено и основан е првиот Тениски клуб Ускуб од службениците на конзулатите во Скопје, како и секција за мечување
  • 1920 изграден Филозовски факултет
  • 1925 во Ристиќева палата е поставен првиот лифт кој се уште работи, на зградата била поставена и првата светлосна реклама на аспиринот Баер. 
  • 1926 Станко Караман ја оснива на 64 м2 првата золошка градина и Природно научениот музеј,денес еден од најбогатите на Балканот со палеонтолошки материјали од пикерминска фауна. 
  • 1928 фигурите Асклепион и Хигија од Ристиќева палата ставени се на првата скопска поштенска картичка-разгледница.
  • 1929 започна со изградба на болнички комплекс на клиники, факултети и училишта. 
  • 1930 на аеродромот пристигнува од Лондон првиот авион
  • 1931 изградена денешна Градска болница,
  • 1932 одигран прв натпревар во кошарка.
  • 1934 изградена е Главна пошта во центарот на градот.
  • 1935 на 18 август пуштена е во работа хидроцентралата Матка.
  • 1935 е формирано прво планинарско друштво.
  • 1937 Тресончанецот Јосиф Михајловиќ, кој бил два пати градоначалник и го подготвил првиот урбанистички план, ја гради Македонска куќа на 400 м2 со централно греење и камин.
  • 1939 била завршена градбата на денешното Собрание. 
  • 1959 поставени први семафори на крстосница Маршал Тито и Димитрие Чуповски. 
Не дека не се одбележуваат годишници во Скопје но многу од нив се забораваат. Од написот на Утрински Сто години од првата светилка во Македонија дознаваме дека пропуштаме да прославиме цивилизаторска придобивка на воведување на електричната енергија во нашето Скопје. Од горните датуми се гледа дека во истата 1909 година е оджана првата филмска проекција ... Колку што досега пратам нема свечености со кои ке се одбележат овие значајни стогодишници во историјата на Скопје и Македонија.

No comments:

Blog Archive

Site Meter