Пред три години Владата на РМ (првата Влада на Груевски) имаше политика на раздолжување кон кредиторите, најпрвин кон ММФ. Девизните резерви растеа. Буџетот во тие години крцаше од редовни и вонредни приходи. Ребалансите беа слатка мака на владата каде да ги потроши вишокот на пари. Владата раскрсти со ММФ и сите тоа го поздравивме - редно беше да имаме домашна монетарна и економаска политика. Рекламните трабанти на владата ни трубеа дека се очекува ПРЕПОРОД во економијата и животот на граѓаните. Вети му го на народот она што сака да го чуе . Македонија демек станува елдорадо за странски инвестиции. На тие крила, потпомогната со фронтот за зголемување на националната свест (пред се зачувување на името и идентитетот ...) на последните вонредни парламентарни избори владата на Груевски т.е. ВмроДпмне доби мнозинство од оние кои излегоа на избори - доби апсолутна власт во Собранието а со тоа и во сите останати власти. Со слични бројки ги доби претседателските и локалните избори.
Повеќе »
Сега настапува период на три години кога нема избори. Ваков период како да не и одговара на ВмроДпмне. Наместо да ги осеќаме последиците на преродбата во ветените економските резултати на државата, ветените странски инвестиции, ветеното зачувување на името и идентитетот - имаме обратни трендови. Економија паѓа во депресија, странски инвеститори ни за лек (дури и писмата за намери ги нема), домашните издишаа, малото стопанство е во колапс. Се наговоестува разумен компромис за името сега директно од челниците на ВмроДпмне. Платно билансната позиција на Македонија е во слободен пад и бележи негативни трендови - се топат девизните резерви. Зголемената невработеност и сиромаштија е неминовна последица. Владата почна политика на ситно и крупно задолжување но секојдневно и секојмесечно.
На јавна сцена владата не попушта и вели дека го држи цврсто сидрото на владење во свои раце (и јас не би признавал ...). Продолжува да ги финасира изборните ветувања во форма на разни објекти и проекти кои треба да ја зајакнат националната свест на Македонецот, политиката на антиквизација не попушта - одавна е државна политика. Во последниот ребаланс на буџетот се откажа само од неколку крупни ветени инвестициони захвати во градење на патишта и железница во Македонија- кои требаше да се финасирааат од буџетот. Се откажа од ветеното покачување на платите на администрацијата, пензионерите ги очекува нешто слично. Ветувањата за бесплатно здравство за сите е само фарса/флоскула/парола. Агресивно настапува во образованието со политика на задолжително образование и компјутеризација, воведување на веронаука, факултет скоро во секој град ...
Одговорните владини министри се растрчани по домашните и светските банки во потрага по кредити. Кредитниот рејтинг ни паѓа и сега имаме ситуација повторно да се зајмуваме кај истите оние кредитори на кои им ги вративме кредитите - но за разлика од старите камати сега имаме многу повисоки камати. Проценка е дека оваа година владата мора да втера 400 милиони евра заем за да го одржи еконоскиот брод да не потоне, кој е веќе заринкан во економскта криза. Се чини дека ММФ ке ни биде повторна судбина, крајот на оваа година веројатно ке го дочекаме со склучен аранжман со ММФ. На владата не и останува ништо друго - сега стилот на владеење на оваа влада е задолжување по секоја цена ... Спротивното од тоа би било пружање на чергата колку што и се долги нозете. Во превод би значело ШТЕДЕЊЕ ... намалување на трошоците, пред се намалување на администрацијата. И лаик ке види дека скоро две третини од буџетот оди во дупката наречена администрација, стимулирање и заживување на домашното производство особено на она кое е извозно орјентирано.
Месеците брзо минуваат и годините истотака. Минусното салдо неуморно се зголемува се до моментот кога кредиторите ке престанат да даваат нови кредити бидејки секој што дава кредит води сметка дали ке може да си ги врати парите. Секој месец сме земја со поголем ризик како заемопримач.
Со сето ова паралелно оди процес на екстромно зголемување на казнената политика кон народот и стопанските субјекти. На сила се европски казни со МК плата. Се втеруа страв во сите нивои. Сите се плашат - некој да не го загуби работното место, друг бизнисот, трет да не ги загуби парите од рекламните кампањи. Казните се астрономски но мора да се платат. Се градат нови затвори и тоа со кредитни линии. Слушнав една теорија дека со народот може успешно да се владее само ако кон него се однесуваш мазохистички - ако му втераш страв во коски. Во ваква политика најдалеку отиде Сталин. Народот спасот се повеќе го гледа во иселувањето и економско мигрирање во развиениот свет. Се разбира се иселуваат младите и способните.
Еве ке едитирам неколку текстови на песни каде мотивот е во “ЛАЖИ МЕ“ ...
Горната не е наша песна ама е добра ... темата е лага ...
1 comment:
Dobri se pesnickive druze,no ovie od opozicijata se so pogolema arhiva na takvi hitovi,taka da tamu ima i 2-3 albuma......
Post a Comment