Буџетот го полниме сите под девизата плаќање на данокот е приоритет пред сите приоритети и права. Данок мора да платиш дури и да умреш.
Буџетот го полниме за да биде потрошен - така велат владеачките партии. Трошењето е со амин на Парламентот кој носи Закони за трошење на буџетот. Штом е по закон тоа е легално. Така станува легално и товарењето на своето магаре преку грбот на граѓаните. Штом ке се соберат доволно луѓе (партијски профитери на маката на народот) кои успеале да ги натоварат своите магариња - се ствара група на такви моќници кои имаат моќ да носат закони кои ги штитат нив и нивните натоварени магариња (капиталот де). Полицијата, принудата, судството се нивни апарати за чување на нивните „натоварени магариња“. Ова е главниот марфиев закон на таканаречениот Либерален Капитализам.
Буџетот станува главен катализатор на богатењето на граѓаните од една страна и сиромашење на граѓаните од друга страна. Тендерите, корупцијата се метод и средство за „товарење на магариња“. Има луѓе кои благодарејки на законите и своите функции и по крајот на мандатот (добиен од народот) добиваат рента до крајот на животот. Лицемерието на товарање на своето магаре е заштитено законски дури до Уставот.
Во име на народот законски/легално си ги товариме/товарат магарињата. Тоа е девизата со која не владеат. Просто како граф.
2 comments:
Taka e druze se slozuvam ...... taka bilo.taka e i sega a po se izgleda i taka ke ostane i za drugite vladi sto ke dojdat ...... inaku ona so grafot,valjda mislese na grav.
Se slozhuvam. Budzetot go polnat od srednata klasa i siromashnite. Ne ti davaat da prknesh, vednash ti zgolemuvaat nekoja davachka za da go polnish budzetot, koj e ochajno prazen, a potpa oni moite pari da gi troshat za nivni potrebi!!! Vovedoa i paushal na koj ke plakjash danok bez da te prashaat dali mozhesh tolku da zarabotish. Vo koja drzhava vlasta odreduva kolkava plata, jas kako privatnik, treba da zemam sekoj mesec?
Post a Comment