Search This Blog

Friday, June 26, 2009

Политичка и економска партизација на РМ ... тоа е клучот на економскиот распад на државата ...

Политичката партизација на државата е сценарио кое го гледаме по осамостојувањето на Македонија. Таа перманентно се спроведува во целиот транзиционен период со два процеси кои се обратни (но водат во иста насока - економски крах на државата) зависно која од досегашните две партии се на власт. Политикате е да се тргнат на страна тие што не се од владеачките партии а да се примат нови кои ке испливаат на површина. Не се дава отказ на кадрите во администрациата - тоа е преќутен договор на двете партии, да преживеат партијските кадри чекајки ги повторно своите минути. Така администрацијата за овие дваесетина години се триплицира. Никој неможе да ги изброи колку се. Некои податоци велат дека ги има дури 120.000 - но ако се додадат хонорарците за кои се двои бајаги голема сума од буџетот некои добри 25 проценти тогаш ке треба на горното конто да додадеме уште барем 30.000 прикриени административци.
Повеќе »
Десничарската Влада на ВмроДпмне веќе четврта година прави тивка национализација на оделни бизниси, особено во енергетиката - ова е во спротивност на економските политики на десничарските партии. Од друга страна кај профитабилните бизниси воведувајки политика на лиценцирање прави упад/прераспределба на бизнисите. Го одзема бизнисот од едни а со дискретно законско право го доделува на други. Така Владата на РМ ја спроведува политиката на ВмроДпмне која упростено се сведува ниеден покрупен бизнис да не може да се спроведе ако во него не се “омрси“ владеачката партија ... Отаму сега имаме ситуација не само на политичка туку и на економска партизација на државата. Сите нечленови на владеачката партија кога тогаш ке ја осетат “тупаницата“ на моќната политичка и економска партизација на државата. Политиките во школството и здравството се само матење вода. Целта е товарење на своето магаре.

Политичката и економската партизација на државата неминовно водат кон крах на економијата на државата - што индиректно е голема опасност за распад на РМ.

1 comment:

Anonymous said...

Decko,vo pravo si za administracijava,epten e zabegano so vrabotuvanjeto,no i toa ima svoja uloga,neli? Samo uste edno nesto, koja vladeacka partija ne saka da ja unisti opozicijata,baska rabota sto ovaa kaj nas e epten e utepana od gospod (ama bas so nikakva ideja i so ona nivno ligavenje kon "Evropa") za toj nivni damnesen "kompromis" so imeto,ne deka i ovie od DPMNE ne potkleknaa na kompromis(pa nemaa kade da odat,koga i ovie "svoite" im zabivaat noz vo grb),i normalno e da im gi skratat site izvori na finansiranje na t.n.opozicija i taka natamu i taka natamu.....ne mi e jasno samo kako mozes da go ocenuvas besplatnoto skolstvo i zdravstvo kako .....matenje voda,ekonomskata situacija e tapa,ama tapa e niz cel svet i pokraj toa kaj nas se gradi,"lopative" nesto rabotat,dodeka vo vremeto na sdsm toa bese ....mrtvo more....odnosno Fersped rabotese uspesno za sdsm e ..... sega drugava firma MKD ili kako se vika ne e bitno,ke raboti i za drzavata i za VMRO.....sto e razbirlivo koj e na vlast toj ke klecka......kako sto e niz site "demokratski zemji" neli?

Blog Archive

Site Meter