Search This Blog

Monday, June 22, 2009

Народна Полиција ... дали ...

http://alsat-m.tv/mk/thumbnail.php?file=leto_317687351.jpg&size=article_medium
Веројатно беше вчера на телевизија ја видов Министерката за полиција дели ладна вода и флаери на оние кои одат према Водно. Идејата е да се подигне свеста кај народот да не ги палат шумите, свесно или несвесно. Но споредна идеја е дека полицијата е народна, добра. Во случајот не казнува дури ни кога ке те фати дека возиш без ремен или средно запалено светло среде бел ден на близу 40 степени.
Повеќе »
Првиот дел на целта на делењето вода и флаери го поздравувам. Ама рекламирањето на полицијата дека е народна, добра не го прифаќам. Наместо Министерката за полиција и Градоначалникот на Скопје сосема полично ке беше за иста цел да беа ангажирани да делат вода и флаери глумци, пејачи (тие се звездите а не политичарите кои ги окупираа медиумските простори на звездите ...)... Додуша не е далеку од памет ако се рече дека на челните политички фунции имаме “глумци“ ...
  • полицијата се партизира ...
  • полицајците добиваат норми колку казни мора да изречат во текот на денот ...
  • полицијата е со селективен пристап ...
  • главната задача на полицијата за која некогаш се велеше дека е народна одсекогаш била да ги штити интересите на оние кои владеат, на владеачките структури ... така е и сега ... ги штити оние кои си ги товарат магарињата на штета на народот (види предходниот пост ...).

No comments:

Blog Archive

Site Meter