Search This Blog

Wednesday, July 29, 2009

Рецесија - Депресија - Социјална криза ...


Најпрвин да видиме неколку бројки:

Повеќе »

  • Девет месеци по ред земјава бележи значително опаѓање на индустријата.
  • Пад на индустриското производство од 16,2 отсто во јуни годинава споредено со истиот месец лани,индустриското производство во првата половина од годинава во споредба со истиот период лани се намалило за 12 отсто.
  • БДП во првиот квартал падна за 0,9 отсто.
  • Ич да не спомнувам дека имаме највисока стапка на невработеност во ЕУ.
  • Да не ја спомнувам ни бројката/процентот на сиромаштијата.

Воопшто не верувам на бројките кои ги дава нашата статистика. Веќе одавна е утврдено дека секоја наша транзициона Влада кога ке дојде на власт најпрвин го запоседнува Министерството за Полиција (оосбено тајната полиција - таканаречената државна безбедност ... читај безбедност на владејачката партија ...), како второ е именување на свој директор во Државниот завод за статистика. Бројките се штимаат и се кријат од јавноста. Последен пример е податокот дека во општава клима на светската и нашата рецесија - Македонија искочи со податок дека е намален процентот на невработеност во Македонија. Да не е жалосно би било смешно ...

Луѓето кои работат во/за/околу владата на РМ немаат допир со народот. Да имаа немаше да им се потребни бројките од разните статистики, тоа можеа да го видат ако прошетаа по пазарите, маркетите и трговските центри ... ако само малку ги погледаа лицата на обичните граѓани кои со наведнати глави шетаат по улица ... ако погледаа низ прозор према контејнерите за смет, кои станаа се поголем извор за егзистенција на голем дел од народот/гласачот.

Но еве дури и нашата Влада се одважи да признае дека земјата влегува во рецесија. Се разбира сега се фали дека имаме најмал процент на стапка на рецесија од соседните и ЕУ државите (дури и од Јапонија ...)... Престанаа да не убедуваат дека МК ке ќари од рецесијата. Ова беше главниот аргумент кога се носеше последниот мамутски буџет на надуен список на желби на оваа власт. Власта сега се фали дека нејзините кризни мерки делуваат и затоа имаме најнизок пад на БДП.

Просто е - неможе да паѓа оноа што го немаш. Нашите економски бројки се одавна блиску до нулата. Економската активност е дојдена до таква степен што економијата која одавна го допра дното, тешко дека може натака да паѓа. Веќе десетици години државата живее од приливите на странски депозите кон граѓаните, кои на годишно ниво се движат околу милијарда долари ... (оние кои иселениците ги праќаат на своите фамилии ...) и од донациите на развиените земји од светот.

За да не дојде некоја држава во рецесија кога таа ке се намириса, се спроведува политика на пораст на потрошувачката онаа општата и заедничката (политика на ефтини кредити ...)..., но од кога рецесијата ке стапне тогаш остануваат мерките на стегање на ремените - тоа значи раст на даноците, реално дури и апсолутно намалување на платите и пензиите, намалување на трошоците на администрацијата ... Капиталните инвестиции во период на рецесија се сведуваат на минимум од една страна, од друга страна бранот на капитални инвестиции е најпотребен за излегување од цикличниот на периодот на рецесијата ...

Секојпат се дискутабилни прашањата дали Владата преземала најсоодветни мерки да не дојде до рецесија - во тој поглед стручната јавност треба да суди и за нашата Влада. Самиот се изјаснувам дека нашата Влада не презема правилни и доволни мерки и чекори да не дојде до период на рецесија.

Долгорочната рецесија представува депресија на економијата - која пак предизвикува социјална криза ... Поради тешката социјална криза која ја гледам во околината во која живееам сметам дека МК економија е одавна во депресија, која се крие со штимаше на бројките и статистиките ... во спротивно ниедна власт не би се задржала на своите позиции.

За оние кои ги мрзат да сурфаат по интернет еве неколку дефиниции:

- Рецесија,
забавување на економската активност во една земја за определен временски период. Рецесијата е дефинирана како период кога БДП на една земја опаѓа ( негативен реален економски раст) во најмалку два квартали. БДП, вработувањата, инвестициите, искористувањата на капацитетите, приходите во домаќинствата и бизнис профитите се намалува за време на рецесија.
- Рецесија се случува кога невработеноста ќе се зголеми за 1.5% во период од 12 месеци.
Тешката ( БДП под 10%) или продолжена (за три до четири години) рецесија се нарекува економска депресија.
- Пред почетокот на секоја рецесија претходеле значителни падови на берзанскиот пазар.
- Глобалните рецесии се појавуваат во циклус кој трае од 8 до 10 години.

1 comment:

Anonymous said...

Aman be pa ti batka so taa tvoja kriticka analiza,ti kako dezuren kriticar i toa sve vo negativna konotacija,edno nesto pozitivno nemas napisano za ovaa vladicka,koja momentalno e pod shiptarska ucena .....sega koga e momentot da gi ispolnime tie takanareceni bencmarkirani tocki(zarem ne moze da se najde soodveten makedonski izraz ....ili site stanavme anglicani) i koga na site ni e potreben konsenzus(neli i ovie zelkive od Ramkovniot sakaat vo EU) za datum za pregovori,ovie belokapcive ja ucenuvaat drzavata,gi ucenuvaat site makedonski partii,vklucuvajki ja i tvojava SDSM .......za toa batka nesto napisi,pa kontaktiraj gi ovie shiptarskive blogeri,pa komuniciraj so niv,dali go opravduvaat ova baranje na DPA pa kazi ni ...... a ne toa pa toa,edno te isto,vladata ova napravila ili ova go utnala......ne sme padnele od Mars.......

Blog Archive

Site Meter