Search This Blog

Wednesday, July 15, 2009

Ставревски, Славевски, Бесими - под палката на Груевски го погребуваат малото и средното стопанство ...

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/copyLarge.jpg?t=1247665823
Неколку пати повторувам на мојот блог дека економските политики на владите на Груевски како да се орјентирани на уништување на малото и средното стопанство - преку даночната политика и другите економски политики кои владата овие три години ги спроведува.

Малку бројки:
  • во текот на 2008 година дури 3.045 правни лица завршиле со блокирани сметки или за 27,3 отсто во период од една година
  • на крајот од минатата година во Македонија дури 14.213 фирми или 11,8 отсто од вкупниот број претпријатија биле со блокирани сметки
  • мај годинава, 14.504 компании имале блокирани сметки
Осем што се погребува малото и средното стопанство - со најновата одлука да се формира државна банка за кредитирање на стопанството, се навлегува во територијата и на банкарскиот сектор каде државата решава да ги заобиколи банките и сама да врши кредитирање (МБПР) ... што е враќање назад во социјалистичката економија ...

** Големото и Малото стопанство - транзиционен историјат ... Економските политики кои сега ги спроведува ВмроДпмне ... ги започна СДСМ ... поточно сите досегашни Влади на РМ ... одат во два правци:
  • а) Првобитен процес на рушење на Големото во однос на Малото стопанство, кое сега се претвори во обратен процес на рушење на Малото во однос на Големото стопанство ... привилегирањето на странските директни инвестиции ... Најновата ситуација е дека имаме многу малку странски директни инвестиции а домашното Големо и Мало стопанство е на колена ...
  • б) Претварање на буџетот во “единствена фирма“ со моќ ...
  • в) Што е решение ... прераспределба на националниот доход ... преку праведна даночна политика ... сето тоа постепено во еден подолг десетгодишен процес ... државата да биде ем капиталистичка, ем социјална ... прилагоден скандинавско/словенечки економски модел на нашите прилики ...

3 comments:

Anonymous said...

Go nacekavte Gruevski sega vo ekonomskava kriza i udri po nego i negovite,abe nikoj ne ja pofali viznava liberalizacija.... ali nema veze kade i da e krizava ke pomine .... nego muabetot mi bese da go iskoristam malku tvojot blog posto onoj kolegata tvoj Zare gi moderira komentarive kon nego,ne pashu mu, ali jebiga ..... epa vaka,covekot se pretstavuva kako "aktivist" za covekovi prava:))) .... i vo eden del od negoviot post koj siguren sum si go procital,teletabitot veli ....ako prifatime vo grafata za drzavjanstvo (na pasosot) -nationality- da pisuva Sev. Makedonija,nasata nacionalnost avtomatski ke bide percipirana kako Severni Makedonci.... i seto toa za ovoj borec na covekovi prava,zaedno so negovata tajfa od Gero(koj pak ni sram ni perde bese gostin kaj Milenko),Milcin,Belicanec i ostanata bagra e sosema normalno - komentarot na vakvo nesto e sosema izlisen.Kolegava ti e "car" - baska deklariran "Sloven".

gragjanin said...

gruevski i bilo koj drug koga ke bide na vlast treba i mnora da se nacheka i da se kritikuva ako greshi, zatoa shto vlastta, odgovornosta e vo negovi race! Nikoj drug ne mozhe da upravuva osven vladata i premierot. Potoa velish: "ako prifatime vo grafata za drzavjanstvo (na pasosot) -nationality- da pisuva Sev. Makedonija,nasata nacionalnost avtomatski ke bide percipirana kako Severni Makedonci...." Da, tochno taka: nie ke bideme DRZHAVJANI (nationality) na Severna Makedonija, a NE ETNICHKI SEVERNI Makedonci! Pravi razlika!

Anonymous said...

Gragjaninu - batka so malo zadocnuvanje,normalno e deka sekoj e podlozen na kritika ama so kritikata da se ima usul batka,vo ovoj moment ni Sveti Petar ne ja podobruva ekonomijata se dodeka drugite ne se oporavat no ke pomine i toa cudo ..... nego vamu pogore go citirav onoj teletabitot Zarko so negoviot post,za nacionalnosta de.

Blog Archive

Site Meter