Повеќето од Вас кои читате блогови не сте биле ни родени во 1963-та ... 5 часот и 17 минути ... Оние кои го паметат ... утрото - оние кои се разбудија ... а не се разбудија 1070 ѓраѓани на Скопје ... за земјотресот мислеа дека атомска бомба .... дека е дојден потоп на светот ... А што и да мисли човек кога го буди кршење на стакло, паѓање на се што е на полица ... паѓање на зидови и плафони над тебе ... врискотници на комшиите/ките ... по пижами - трчаат по скали избезумено ...
3.300 граѓани пак се пробудија во оштра болка од тешките повреди ... Неколку минути по катастрофалниот земјотрес - почна спасување за секој живот ... Комшија спасуваше комшија ... родителите децата или обратно ... Луѓе кои идејки на работо утрото со своите точаци (тогаш многу популарни ...) не можеа да веруваат на своите очи .... зградите паѓаа како да се кули од карти ... а од дел од зградите онака преполовени со пола соба горе на четврти ... пола соба патос на земја ... Луѓето се звереа во лустерите кои се клатеа - тазе купени од Грција ... Страва ... цело Скопје за кратко време го сви густ прав ... магла среде лето ... видливост близу до нула ...
Скопје памети многу земјотреси - но три се катастрофални:
- 518 година ... рушењето на Скупи.
- 1555 година ... потрес со интензитет од 10 степени - кој срамнил се со земја ...
- и секако 1963 година ...
Каква беше мојата лична сторија за земјотресот видете тука ...
- Постов е посветен на сите оние кои загинаа во земјотресот и на сите на кои земјотресот им го смени животот ...
- Земјотрес ... Скопје 26.Јули.1963 ...
- Земјотрес ...
- СКОПСКО КАЛЕ - конзервација и археолошки истражувања
- Старо Скопје низ стари разгледници ... Staro Skopje niz stari razglednici ...
- Св. Димитрија - Скопје ...
- Аквaдукт Скопје ... Akvadukt Skopje ... Aqueduct Skopje
- СКОПЈЕ - SKOPJE ... Старо Скопје
- Пионерски дом “Карпош“ - Скопје ...
- Урбанистичко слепило - Скопје ... за урбанистичките џебови
- Порталот на Учителската школа ...
- Св. Константин и Елена ... повторно во центар ...
- Ке пропее ли стариот часовник ... проект на Коце Трајановски ... Море сокол пие ...
No comments:
Post a Comment