Во неколку последни текста поврзани со економската ситуација во Македонија иронично напишав дека сме во период на товарење на своето магаре за сметка на туѓото/народното ... дека имаме период кога десничарска влада применува мерки на левата идеологија во процес на енормно зголемување на буџет, каде одумира приватниот сектор, претприемништвото и бизнисот.
Повеќе » На иста релација е и денешниот напис на Ден Дончев во Утрински „
ВМРО-ДПМНЕ е полевичарско и од СДСМ“ ... каде и Ден Дончев констатира неколку факти:
- денеска сите плаќаме повеќе данок за цели 40 проценти во однос пред три години ...
- буџетот енормно се зголемува
- се влошува бизнис климата - сите сакаат да бидат политичари наместо предприемачи
- се уништуваат туѓи бизниси - за да се доделат истите бизниси на блиските луѓе од владеачката гарнитура ...
- се распаѓаат малите бизниси - блокирани се скоро 40.000 мали фирми, кои се пред ликвидација ...
Толку од правењето а поволна бизнис клима во Македонија, толку од огромните ветени странски инвестиции кои се ближат кон нулата, толку од либералната економија на десничарските партии и божемските ниски даноци (најниски во Европа). Да живее левата идеологија на десничарската ВмроДпмне. Во период сме кога Македонија е преплавена со бизнис
осека и
плима на подржавување на бизнисите, придружен со процес на товарење на своето магаре ...
No comments:
Post a Comment