Search This Blog

Wednesday, July 22, 2009

Илинденска - старите куќи ...


сл.1  Клик на сликата за поголема ...
Околу сечењето на дрворедот на Илинденска, повторно се изврши поделба на граѓаните на Скопје. На оние кои ги исекоа дрвјата со намера да ја прошират Илинденска за да малку се одзатне сообраќајот во овој дел ... и на оние кои се против сечењето на дрвјата за да се прошири Илинденска, со што улицата практично ке влезе во собвите на овие станари. Воколку на местото на старите дрвја градот посади нови овој пост и предходниот ке немаат смисла.         Повеќе ».....

Во мојот предходен пост реков дека Илинденска треба да ја чуваме како што белграѓани ја чуваат Скадарлија. Зорив напиша на својот блог дека осем Пионерски дом тука нема друга стара зграда. Па пријателу Зорив кој дозволуваш да ме навредуваат на твојот блог без да се оградиш еве ти неколку фотографии и самиот процени дали само Пионерски дом е единствената стара зграда/куќа во тој дел.

Влада која го темели своето владеење на ископување заради пронаоѓање на идентитетот и негово зачувување ... која реизградува веќе срушени згради (за да го врати духот на старо Скопје) несмее да дозволи да постојни стари згради (малкуте кои преостанаа по земјотресот) кои значат идентитет на главниот град едноставно да бидат уништени со текот на времето.

На мојот истотака пријател Мечето Ушко, кој сега настапува под нов лик како Kung Fu Panda (агресивна ??) да му кажам дека во граѓанско општество каде се почитува правото и правниот поредок секојпат со поголема тежина се старите права т.е. правата на постарите граѓани. Во случајот жителите од тој регион силно се противат против проширување на Илинденска. Неколку предходни градски влади ја почитуваа нивната желба - но сегашната со брутални мерки и со полициска принуда сака да спроведе свое зацртано решение. Такви решенија има само во тоталитарни системи. Познато Ви е на сите дека во старите градски јадра сообраќајот е кризна точка. Што би било на некого да му текне да направи булевар низ Старата скопска чаршија ... или сеедно низ Скопското Кале или поред него ...

Новите жители на градот мора да бидат свесни дека треба да ги почитуваат желбите на постарите жители. Ако продолжиме вака ние сами си го рушиме културниот идентитет, кој е дел на севкупниот идентитет ... Изгледа дека сегашната градска влада е составена од премногу нови жители на Скопје кои не водат сметка за старото Скопје ...

сл.2

сл.3
 
сл.4
 
сл.5
 
сл.6
 
сл.7
 
сл.8
 
сл.9
 
сл.10
 
сл.11
 
сл.12
 
сл.13
 
сл.14
 
сл.15
 
сл.16
 
сл.17

No comments:

Blog Archive

Site Meter