И тоа се случи, по 20 години изолација Македонија е повторно земја на белата шенген листа на ЕУ државите. Денешните политичари успеваат да ни продадат како врвен нивен дострел нешто што пред 20 години го имавме - безвизен режим на патување. Европа по распадот на ЈУ новите државички осем Хрватска и Словенија (католички држави) ги стави во карантин за да не ја заразат цела Европа со национализмите кои предизвикаа војни од невидени размери во Европа.
Повеќе »
Демек заслужни за ова се сегашната власт и сите изминати во транзицијата. Каква е таа придобивка која треба да ја славиме а представува нешто што сме го имале, а сме го изгубиле поради неспособните власти кои не владеат овие 20 години ...
Осем што новите власти/политичари ни донесоа режим на визи кон ЕУ државите, тие ни го уништија и стопанството. Створија армија на невработени, огромна сиромаштија, никојпат побројна. Ги затворија фабриките и рудниците. Буѓетот нивниот главен колач многупати го зголемија (за да може со сласт да го потрошат ...). Направија приватизација по нивна мерка каде како транзициони профитери се офајдија со имотот кој до тогаш припаѓаше на народот и работничката класа. Некоја идна Влада/Премиер ке мора оваа криминална приватизација да ја преразгледа, прочешла и да ја исправди неправдата нанесена кон народот и работниците кои останаа со прстот во уста и на улица ... многумина се упатени на контејнерите како едиствен приход за егзистенција.
Оној кој ова ке го понуди и ке биде убедителен во своите ветувања ке владее во Македонија. На него секако нема да му биде удобна власта - бидејки моќниците се многу моќни. Сега ја имаат полицијата како нивна заштита а тогаш ке ја имааат мафијата повторно како нивна заштита. Но земјата стално раѓа синови и керки и ке се најде јунак и за таа задача.

- Транзиција ... “Од што живееш комшија ?“ ... “незнам“ - ми вели ... “... братми еднаш неделно ми носи по неколку кеси храна - има мало дуќанче ... а јас тука покрај Вардар направив бавча ... Чувам две кози и кокошки ... продавам свежи јајца“ ... “Жената сега работи ли ?“ - го прашувам понатака ... “ ...да работи колку да оди на работа во една приватна текстилна фабрика и даваат 5000 денари ... нема превоз, нема хранарина, нема социјално ... кога ке одбиеш превоз и хранарина работи за 1500 денари месечно“ ... Колку ли вакви судбини има во Македонија ... Секоја за себе е роман ... Кој е кривецот за ваквите судбини на поединците ?? Ке гори ли некој во пеколот ?? ...
- Даночна политика ...
- Заврши ли “едноумието“ ... што систем имаме сега ?? ... систем на перфидна манипулација на демократските процеси ...
- МАШКА ЛЕТНА ЗАБАВА ... средновечна ... комшиска ...
- Музеј на жртвите од транзицијата ...
- Горчина ... ја мразам транзицијата со сите последици ...
- “Шишањето“ продолжува ...
- Стечајна голгота & Стечајна фарса ...
- СТЕЧАЈНА ГОЛГОТА
- Мојот премиер е опкружен со полтрони кои го убедуваат народот дека на микро и на макро план ни цветаат рози и тече мед и млеко ...
- Силата е во младите ...
- Одржлив развој ...
- Инает држава ... Имаме ли ние “план“ како сами да си помогнеме ...
- Гледање сеир ...
- Турците ни се криви ...
- Палата на соништата ... Министерство за вистината ... демократура ...
- ДЕМОКРАТУРА ... дали во Македонија имаме ДЕМОКРАТУРА ... ??!
- БОГАТА ДРЖАВА - на сиромашни граѓани ... втор дел ист кадар ...
- Богата држава на сиромашни граѓани
- Движење на работната сила ... Број на вработени, невработени, пензионери, сиромаштија, иселување ...
- БДП - GDP ... драматично висок пораст
- ОГЛЕДАЛЦЕ - огледалце мое ... кажи на светот кој има најголем БДП
- ОСМЕВКА НА ЛИЦЕТО
- ВОЈНА ЛИ БЕШЕ - што ли беше
- ИССЕЛУВАЊЕ ... и малку бројки
- КОЈ Е ГАЗДА - на Македонија ?!
- ПАСОШ - МК
- ОТШТЕТА од 5,7 милиони евра
1 comment:
http://majtap.wordpress.com/2009/07/16/bpp/
Поздрав, Александар :)
Post a Comment