Фотката е позајмена од Утрински ...
Македонија во транзицијата доживеа “Стечајна голгота & Стечајна фарса“ ... на улица останаа повеќе од 50.000 стечајни работници (бројката е шпекулација ... веројатно е поголема ..) ... А стечајните капацитети се предадоа во времена управа на Стечајните Управители - кои заедно со Судот и Одборот на доверители ... требаше да ги трансформираат големите загубари ... каде најчесто доминантен сопственик е државата ...
Државата донесе Закон за Стечајни Управници ... еднаш драстично го менува - во правец на скратување на предметите (но и ова не вроди со плод ...) ... Сега одлучи да се пресметува со поголемите стечајни управници ... Тамбурковски, а еве читам вчера е приведен и Зоран Стојанкиќ, поранешен заменик-министер за правда и до скоро стечаен управник на АД „Центро“ во стечај.
- Тој се товари за злоупотреба на службената положба и овластување, односно за предизвикување штета на АД „Центро“ во висина од 33,5 милиони денари.
- Приведувањето на ексзаменикот министер е извршено поради сомневање дека Стојанкиќ, меѓу 30 октомври 2002 и 22 мај 2006 година, ја злоупотребил функцијата стечаен управник на „Центро“ и дека покрај направената штета, парите од фирмата ги подигал во готово, без притоа да ги намирува доверителите, со што долгот на „Центро“, по основа на камати. достигнал 10 милиони евра.
- ... покрај што бил стечаен управник на „Центро“, Стојанкиќ ги водел стечајните постапки и во скопска „Техника“ и во кумановските „Житомел“ и „Искра“, но дали и во овие компании се работело спротивно на прописите, допрва ќе се истражува.
- Пред истражниот судија вчера не беа спроведени и трите стечајни судијки ...
Чинам дека со Законот на стечајни управители им е даден преголем простор за можност за злоупотреба и услови за предолго завршување на случаевите кои ги водат ... премногу корумптивни афери се врзуваат за Стечајните Управители ...
Во суштина што е улогата на Стечајниот Управник ... Тој задачата ја добива од стечајниот судија - да влезе во стечајната фирма и да направи попис на активата и пасивата ... да направи јасна листа на структурата на имотот на фирмата која е во стечај и да ги дефинира големината на стечајната маса од која ке се намируваат доверителите ...
Чинам дека е преголема улогата на “Одборот на доверители“ - кои можат да не се сложат со продажбата на деловите на фирмата во стечај и така агонијата на фирмата се одолжува ... Чинам дека за новиве потези Владата примила совети од Макавеј ...
1 comment:
Здравствуйте!
Извините, что, возможно, не в правильном блоке вопрос запостил.
Кто знает, где можно купить элитные номера телефонов? Больше всего интересуют сотовые номера Билайн, Megafon или MTS.
Разумеется, эти номера можно посмотреть на сайте самих операторов. Но, наверное, есть ряд других мест, где можно приобрести красивые номера мобильных.
Буду благодарен за рекомендацию.
Post a Comment