Search This Blog

Tuesday, January 29, 2008

Која е агендата “условите“ - за датум за преговори ...

Стап и Морков политиката на ЕУ према МК продолжува ... На последната сердба на Груевски во ЕУ му беше дадена листата на исполниви задачи - кои ако се исполнат ке се одреди датум за преговори (во четвртиот квартал од оваа година ...). Тогаш беше речено дека овие “услови“ ке се обелоденат во Март ... Но новинарите на "Гардијан" имаат свои извори ...

Македонија веќе ги доби од Брисел домашните задачи што треба да ги реши до октомври за да си ја отвори вратата за преговори за зачленување во ЕУ. Списокот ќе биде прецизиран во март, кога во Словенија ќе се одржи средба на министрите за надворешни работи од ЕУ и од Балканот.

- Освен одржување стабилен политички дијалог, се бара и
- имплементација на Законот за полицијата,
- да се спроведат реформите во обвинителството и
- да се комплетира Судскиот совет,
- примена на антикорупциската легислатива,
- да се обезбеди вработување и напредување во кариерата на јавните службеници без политичко влијание,
- да се отстранат пречките за вработување млади и
- да ја подобри бизнис-климата со владеење на правото, со независни регулаторни агенции, со забрзување на судските процедури при регистрирање сопственост
.

No comments:

Blog Archive

Site Meter