Search This Blog

Saturday, January 19, 2008

ЕУ, визите & западен Балкан ...

ЕУ реши да подаде рака на западен Балкан во однос на укинување на визите за влез во ЕУ ... Ако е ова морковот ... што е стапот ... Веројатно признавање на Косово како независна држава ... Ако е така не е случајно што ЕУ почнува со преговори за укинување на визите со Србија. Србија највеќе губи - со признавањето на Косово ... губи територија ... Додатен морков за Србија е скорото потпишување на Договорот за асоцијација и придружување на Србија кон ЕУ ...

Франко Фратини - Franco Frattini Комесарот за правда во ЕУ комисијата веќе го најави стартот на ЕУ преговорите за укинување на визите со Србија (стартот е закажан на 30 јануари) ... а за Македонија се очекува да го објави стартот на преговорите при неговата најавена посета во Македонија (Феброари оваа година ...).

Се гледа светло на крајот во визниот ЕУ тунел ...

- ВИЗА ПРОТЕСТИ - посета на организаторите
- ПОСТЕРИ - ВИЗА, АЈ БАТАЛИ! - VISA, FORGET ABOUT IT!
- НЕ ЗА ВИЗИТЕ И ВИЗНОТО ГЕТО !! - Виза, ај батали!
- ВИЗА АЈ БАТАЛИ - бидна - фотки
- ВИЗА - ај батали! - Не играј пред амбасада, играј на подиум
- ВИЗНИ ПРЕГОВОРИ
- Зошто сеуште сме - визно гето за ЕУ ...
- ПАСОШ - МК

No comments:

Blog Archive

Site Meter