Зошто да биде просто ? ... како што беше до сега. Одиш на технички, во една од многуте станици за Технички преглед и таму се завршуваш “едношалтерски“ ...
На некого му текна со законска измена (веројатно за да створи конкурентност во осигурувањето ...) - местото на осигурување мора да биде различно со местото на регистрирање на возилата. И сега, наместо како што беше - се‘ на едно место, да биде раздвоено и да имаме ноќна мора кога регистрираме возило. Сега, ке мора да одиш прво во некоја Осигурителна компанија па потоа да одиш на регистрација ... во Станиците за Технички преглед.
Чудно како не им текна потоа - да одиш во полиција за да ти удрат печат и дадат таблички, па во пошта или во банка за да платиш ... ехехеееее ... ако сакаме да усложнуваме има уште место ...
Што е еден ден од животот - за да потрошиш на регистрација за твојот миленик на четири тркала ... Зошто да биде просто ... Некој убаво ни ја засолил чорбата. Владата мора да размисли дали сево ова е добра новина ??
А јас будала очекував, дека оваа година некој ке го намали високото осигурување (како, веројатно преку отварање на конкурентност и контрола кој и како ги користи парите од осигурувањето ... што дубари тука има ... ехехеееее ...) и уште поскапиот зелен картон ... вреќа пари даваме за осигурување и особено за зелен картон ... некој тука убаво се мрси ...
No comments:
Post a Comment