Search This Blog

Thursday, January 17, 2008

Почина Aкадемик Никола Кљусев ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/00DC30FB72E57A47B2FC0C04168F526B.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Сношти почина Академик Никола Кљусев, прв премиер на независна Република Македонија ... Министер за Одбрана во една од Владите на Георгиевски ... пензиониран како Редовен Професор на Економскиот Факултет во Скопје ... Одличен предавач и педагог ... Особено беше познат неговиот поздипломски студиум на ЕФ-Скопје ... Доаѓаа магистранти од цела ЈУ ...

Само до пред некој ден беше сериозен кандидат за Председател на МАНУ. За малку не беше избран ...

Народот ке го запамети по неговата позната изјава - дека машините за перење за МК жени се луксуз и дека повторно ке треба да се извадат пирајките од заборавот ...

Во сета негова стручност имаше и една “маана“ ... ако така може да се каже ... сакаше младо и убаво - женско се разбира ... Познат е по многу такви случаи уште додека беше професор ... Не, не уценувал никого ... да не заборавиме дека беше и поет ... Многумина се сеќаваат дека му ја врзуваа колата во Топанско Поле со синџири за контејнерите - таму каде често бил “гостин“ ...

Бог да го прости, нека му е лесна земјата ... имав чест и привилегија да го познавам, а ми беше и Професор.


No comments:

Blog Archive

Site Meter