Search This Blog

Wednesday, January 09, 2008

МК Култура & Интернет

Зошто МК култура ја нема на интернет ... или подобро кажано зошто нема Интернејт сајтови кои се фунционални во сите културни институции во земјата - особено во оние кои се под државна капа ... Во светот не се оди на Театар ... во Кино ... на Опера (или било каква културна представа ...) ако предхотно не се купи карта и тоа најчесто преку интернет ... Не се оди во Музеј ако предходно не се отвори Интернет страната и да се провери која поставка е актуелна и кое е времето во кое Музејот е отворен ... Дури ни на фудбал не се оди ако предходно не се обезбеди карта на интернет ... Ние за тоа сеуште работиме само преку теткиците на шалтерите од институциите ...

Во денешно време кога изработка на интернет страна може да се добие за сто евра а негова функционалност може да се добие со триесетина евра месечно неразбирливо е зошто МК култура ја нама на Интернет ... Кога скоро секое дете знае да прави интернет страна ...

Зошто МК театри немаат фунционални сајтови - со ова се бави написот на Утрински од денеска Ќе исчезне ли информатичката црна дупка во македонската култура?

Интернет страна та на МНТ е стандардно во изработка. Сајтот на Драмски не е функционслен ... не е обновен со содржина од денешните случувања ...

Би им препорачал на сите културни институции додека не направат свои сајтови да си отворат блогови ... Ако може секој просечен МК граѓанин да отвори блог (меѓу кои се вбројувам и себеси ...) ... може и некој од вработените во културните институции - дел од времето да го посвети на блогогирање во врска со работењето на културната институција во која работи ... Секако блогот не смета да биде активен и тогаш кога има сајт ... На блогот може интерактивно да се комуницира со корисниците ... Свој Блог и покрај сајтот кој им работи - успешно отвори МРТ ... Блогот на МРТВ ...

Ситуацијата во Археологијата поврзана со интернет издаваштвото често ја анализира Арвена Something about macedonian archaeology - Wish List for 2008

И самиот често пишував за темата:

- ДИГИТАЛИЗАЦИЈА на архео-локалитетите во МК ...
- Дигитализација на националното наследство ...
- “ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА МК КНИЖЕВНОСТ“
- Ден на идеи & Влада на РМ ... & МК блогери
- ИНТЕРНЕТ АРХИВА НА МК ВЕСНИЦИ – ИНТЕРНЕТ РЕПРИНТ НА СТАРИ ИЗДАНИЈА
- ПДФ книги - на Македонски
- ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА НУБ - СКОПЈЕ
- МАНУ веб-сајт
- БЛОГ и САЈТ на МРТ

Постот е во изработка ... ке пробам да видам како се представени со Интернет страни нашите културни институции ... воколку вие знаете некоја интернет страна од МК институција ве молам во коментар дајте линк ...

Македонска Филхармонија

** Се разбира појдов најпрвин на сајтот на сајтот на министерството за Култура ... Се понадевав дека тука ке ги најдам сите линкови на културните институции т.е. нивните интернет страници ...

Но не е така во ролот нема место за линкови до институциите ... зошто ? ... веројатно затоа што има многу малку институции со свои веб страни ...

Од страните на сајтот на Министерстгвото за култура има банерчиња кои се воедно и линкови ...

Тука најдов три линка:
- Првиот за Интернет сајтот на Македонската Филхармонија
Го разгледав сајтот има рублики за историја на МК филхармонија - многу кратко прекратко. Даваат мапа каде се наоѓаат (поточно каде ке се гради новиот побјект )... Цена за редовен концерт е 200 денари ... Има податоци кој е сега диригент ... Даден е на кратко и составот на сите членови на оркестарот ... Да даден е репертоарот на нивните редовни представи (ама само до декември минатата година ... за оваа година не е обновен сајтот ...) ... Има фото галерија ... Представена е и нивната продукција (прескромно ... ваљда немаат само три плочи или што и да се оние три сликички кои немаат позадисебе линкови ...) ... Има и оглас за слободни работни места ...

Но нема место каде може да се резервира карта и купи карта преку интернет продажба ...

Би можеле да дадат и неколку кратки нивни изведби како аудио и видео материјали ...

Чинам дека треба да поработат на историјата малку повеќе ... Историјата на МК филхармонија е многу богата ...

Да добро е што има и англиска верзија ...

Многу малку ги имаат представено своите членови на оркестарот ... Во оркестарот има врвни музичари и солисти сите имаат свое богато си-ви ... и тука би можеле да надополнат ...

Не ги заборавиле спонзорите ...

Ако има оценка од еден до десет ... мојата оценка за овој сајт е скромна тројка ...

Национална Галерија на Македонија

** Второто банерче на сајтот на Министерстовот за култура е Банерчето на Националната галерија на Македонија ...

За овој сајт веќе пишував во постот Ем Менаџерка - Ем Згодна каде и го пофалив и на крадко представив сајтот на Националната галерија на Македонија ...

Значи на сајтот се дадени колекциите и поставките во галериите ...
- ПОСТОЈАНА ПОСТАВКА
14 - 20 век

- Колекција Македонски Цртеж
- Колекција Македонска Графика
- Kолекција на поранешни југословенски автори
Одлично изведено со доволна големина на сликите ...

Основните и средните школи ке можат изворно и одлично да ги гледаат сликите од богатото МК култусно сликарско наследство ...

Представени се изложбените простори
- Изложбен простор Даут Пашин Амам
- Изложбен простор Чифте Амам
- Мултимедијален центар Мала Станица

Дадени се актуелните случувања ... дури и за почетокот на оваа година ... но фали сепак 2008 ма ...

Дадени се неопходните информации ... и контакти ...

Представена е нивната библиотека ...

Како можете и што можете да купите ... е тоа е стандардно во изработка ... ??

Уште едно браво за младата и згодната Директорка на Националната галерија на Македонија ... Се надевам дека сеуште е на работа во Галеријата ...

Скромно овој сајт ке го оценам со висока осмица ...

Македонска опера и балет / Macedonian opera and ballet

** Lucia ... благодарам за линкот на МОБ (Македонска Опера и Балет) ... И за него има банерче на Интернет страната на Миистерството за култура ...

На прв поглед сајтот изгледа доста свежи и колоритно ...

Уште на почетната страна се представени актуелните настани ... но како што примети и Луциа - фали 2008 година ... Некој тука сеуште спие ...

Инаку сосема добро се представени случувањата и репертоарот ... со кратко представување а кој сака повеќе може да оди на прочитај повеќе ...

На инфо ке најдета информации за цената на билетите (уствари нема цена ... веројатно цената варира од представа до представа ... цените ги виодов во посебното представување на оперите ..... и правилата за однесување во МОБ ...

Постои богата фотогалерија ... малку споро се отвара ...

Има мапа на местата за седење ... многу, многу споро се отвараат стварите ...

Дадено е на кратко кои се представи се на реперотар ... кои се редовни диригенти ... режисери ... солисти ... гостите ... Представен е хорот ... и оркестарот ... (навистина прекратко и во хорот и во оркестарот има луѓе со богати си-ви а.

Представена е врвната културна манифестација со долга традиција Мајските оперски вечери со историјатот и последната сезона ...

Дадена е кратка историја на МОБ ...
Представено е актуелното раководство (фалат си-вија)
Не се заборавени спонзорите ... а има и книга на посетители ...
Коментарите прво ги проверуваат веројатно за да нема загадување на културниот простор ... малку недемократски но веројатно нужно ...

И балетот е представен на сличен начин ...
Има и англиска верзија ... но сепак нема можност за купување и резервирање на места преку интернет ...

Мојата оценка за сајтот е меѓу скромната шестка и седмица ... на скалата од еден до десет ... Сепак се работи за најреномираната и најбројната куќа на МК култура ... Веројатно и по трошковната структура најскапа ...

Култура во Македонија / Culture in Macedonia

** Можеби најактуелно пратење на културните настани во МК ги имаме на сајтот Култура во Република Македонија ...

Не е јасно кој стои позади овој добар сајт со актуелни информации од културните настани ... Министерството за култура или некоја фондација ...

Настаните се пратат хронолошки нешто слчно како што се функционира и блогот ... Има често преземени текстови од весниците ...

Има посебни делови за:
- Музика
- Театар
- Изведувачки уметности
- Визуелни уметности
- Литература
- Филм
- Издаваштво
- Популарна култура
- Настани
- Проекти
- Интервјуа
- Фестивали
- Kултурни споменици
- Етнологија
- 60 години АСНОМ
- 100 години Илинден
- Линкови
- Настани надвор
- Македонските изведувачи на турнеја
- Изложби
- Интернационално претставување на македонски ансамбли
- Каде да купите македонски сувенири

Зошто и тука Линкот Институции е во изработка ??
И тука се во изработка линковите
- НВО и други фондации
- Медиуми

** Линкови до останати веб страни во Македонија
Кинотека на Македонија
http://www.maccinema.com/index.asp

Младински Културен Центар Скопје
http://www.mkc.com.mk/

Арт кино „Фросина“
http://www.artcinemafrosina.com.mk/

Портал за Преспанскиот регион
http://www.prespasky.com/

Музеј на современа уметност - Скопје
http://www.msuskopje.org.mk/

Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје
http://www.gbiblsk.edu.mk/

Кино Милениум Скопје
http://www.kinomilenium.com.mk/

Ансамбл за народни песни и ора "Танец"
http://www.tanec.com.mk/

Друштво на писателите на Македонија
http://www.dpism.org.mk/

Блесок
http://www.blesok.com.mk

1 comment:

Anonymous said...

izvini al ima al nie ne mu veruvame na kupvanjeto preku internet, iako teatarot vo Tetovo ima web stranoca nikoj ne ja znae zasto??? zato sto nikoj nikogas ne otvara google ili pogodog da vidi dali ima Tetovskiot teatar web strana...zato nie sme krivi...zasto ja imam web design studio al koga um kazas 100 evra totalna cena so domain so hosting direktno kazat abe na internet koj otvori internet za da ja vidi mojta firma...zato ovde ima luge koj ne ja znat sto e internet a ne da kupat preku internet...iako ova tema e interesno...So pocit

Blog Archive

Site Meter