Search This Blog

Friday, January 18, 2008

Роберт Фишер ... Robert James "Bobby" Fischer ... почина

Си отиде легендата, шаховскиот великан Роберт Фишер кој беше гостин и во нашето Скопје на еден од шаховските турнири “Солидарност“ ... но за жал не бевме почастени со неговото присаство на Шаховската Олимпијада во Скопје 1972 ... иако по негова желба му беа пратени одбраните шаховски фигури да ги проба ...

Боби Фишер беше прв што ја прекина доминацијата на руските велемајстори на тронот на светскиот шах - победувајки го Борис Спаски во Рејкјавик 1972 година ... Генијален шаховски ум ... кој потоа западна во емоционална криза и се изгуби талкајки низ светот ... Западна и во немилост на САД - која сакаше да му го одземе САД пасошот ...

Мала е нишката која генијалноста ја дели од лудоста ... Боби, како да превагна кон втората жичка по освојувањето на шаховскиот престол ...

Мене лично иако во младоста бев занесен од шаховската игра Боби ме импресионираше со брилијантните шаховски партии и идеи ... но сепак неговата сила лежеше во врвната способност за комбинаторика ... Јас повеќе ја сакав и почитував руската школа на стратегија и чекање противникот да погреши ... Сакав да се случи мечот Фишер Карпов ... Овие редови ке ги разберат само оние кои барем малку повеќе се имаат задлабочено во тајните на шаховската игра ...

Како сега се сеќавам на неговиот генијален продор во шаховскиот врв ... на многуте џемпери што како млад ги носеше на таканаречените турнири на кандидати - каде брилијантно играше против врвот на светскиот шах ... По малку се плашеше само од Таљ, истотака шаховска величина која во тоа време беше во залез ... можеби заради споените два прста на Таљ и неговиот поглед кој маѓепсува ... а секако и од бравурозните шаховски жртви со кои Таљ не е надминат сеушет ...

Како и да е вечна слава за шаховскиот великан ...

"GENS UNA SUMUS"

No comments:

Blog Archive

Site Meter