Ако полицаецот е во униформа мора да се легитимира (ако)кога тоа ќе го побарате.
По исклучок полицаецот не мора претходно да се легитимира, меѓутоа треба јасно да каже дека е полицаец.
2.Секоја своја постапка полицаецот мора да ја образложи (да каже зошто запира, претресува, повикува, приведува).
3.Полицаецот може да ви побара лична карта (или друг официјален документ на кој има слика) заради идентификација. Полицаецот мора да има причини да го направи ова, да има услови или основи да ве поврзува со некое сторено казниво дело или заради остварување на права на други. Не е доволна причина и основа тоа дека така му текнало или дека му изгледате сомнително или дека му се може. Веднаш по проверката на идентитетот документот се варќа назад.
4. Може да ве повикаат да дојдете во полициска станица заради собирање информации за вршење на полициската работа. Повикувањето треба да биде со писмена покана на која има причина за повикување, печат и потпис. Ако ги нема овие работи, поканата не е валидна. Поканата се доставува меѓу 6-22 часот. Се друго е исклучок и мора да има голема причина да биде направено.
5. Секој мора да се одзве на полициска валидна покана. Ова се прави со доаѓање во назначената полициска станица. Таму може да се даде или да не се даде изјава. Во секој случај никој не може да запре некого да си оди (ако бил повикан само да даде изјава) и не може повторно да го викне за истата работа.
6. Можеш да бидеш приведен/а во полициска станица врз основа на писмена наредба од суд или распишана потерница. Ако немаш 18 години може да те приведе полицаец во цивилна облека и во возило без службени обележја. Само ако одбиеш да појдеш со полицаецот, тој може да ти ги врзе рацете (зад грб). Ако нема писмена наредба од суд, полицаецот мора да припреми белешка.
Може да бидеш приведен без судски налог ако:
За да ти утврдат идентитет
Ако си фатен во вршење на кривично дело за кое се гони по службена должност
Ако вршиш прекршок во кој има елементи на насилство
7. Може да те задржат во полициска станица најмногу 24 часа. Ако те задржуваат заради тоа што: си направил прекршок или си го нарушувал јавниот ред и мир, можеш да бидеш задржан најмногу 12 часа. Ако те задржуваат: затоа што си под дејство на алкохол или дрога, може да бидеш задржан најмногу 8 часа.
Тие што се задржуваат во полициска станица ги прима службеник за прифат. Можеш веднаш да повикаш бранител ( ако си под 18 години веднаш се известуваат родителите), не смееш да бидеш заедно со други, со тебе смеат да контактираат други полицајци само со дозвола на службеникот за прифат. Мора да се подготви записник, кој ти се чита и кој го потпишуваш (ако не се согласуваш со содржината не се потпишуваш, а полицаецот мора да напише зошто и со што не се согласуваш). Мора да добиеш примерок од записникот.
8. Полицијата може да одземе предемети само ако постои основана причина да се сомнева дека тие се поврзани со сторување на некое кривично дело.
9. Преглед или претрес на лица и превозни средства се прави само ако е тоа неопходно заради пронаоѓање на предмети за напад и самоповредување или се сомнева дека постојат траги за кривично дело. Преглед може да врши само лице од ист пол (освен кога постои опасност од оружје).
10. Ако дојде до нарушување на јавниот ред и мир при одржување на поголем собир организаторот треба да повика на мирно растурање на групата. Ако не се постапи по барањето за напуштање на местотот на собирот полицијата може да интервенира.
11. Средствата за присилба може да се употребат само ако не може на друг начин да се постигне саканата цел. Кога се растерува група не смее да се употреби огнено оружје.
No comments:
Post a Comment