Незнам дали да се смеам, да мавам сеир или да плачам ...
Само што се “изградија“ трите педесеткатници карши Гранд Хотел (Холидеј ин де ...) со што ги “завршивме“ и предадовме во употреба - највисоките згради на Балканот барем тука сме “лидери“ (омилениот израз на еден наш бивш премиер)...
- се разбира предходно го решивме саобраќајниот проблем, кој ако не беа проширени улиците, изградени подземни и надземни премини ... ке настанеше загушување на центарот ...
- ке заборавев, го предадовме во употреба транвајот кој сега се одвива во три нивоа (два подземно и еден надземно - на столбови) ...
- да, пак ке заборавев само во Центар (Скопје даун таун ...) се изградија четири катни гаражи ...
- над Вардар на столбови никна модерна сообраќајница и комплекси на трговски центри по узор на еден германскиот ...
- Вардар најдолу е преплавен со милион мали мини централи (сега сме извозници на еколошка струја ...) на база на проточно вртење на турбини (најнов изум на младите македонски пронајдувачи ... за кој светот плати две милијарди долари за одкуп на лиценцата ...)
- самиот Центар е со тотална забрана за саобраќај кој сега оди подземја ...
- струја, вода, одвод, канализација, се‘ тоа успешно е решено ...
- сега од педесетиот кат на трите кружни ресторани може да ги носиме нашите дами во романтично ноќно и денско разгледување на Скопје ...
- пак ке заборавев од Центарот на градот имаме изградено жичарница до сателитот кој плута во земјината орбита над Скоје ...
- дневно само од тој бизнис Скопје врти сто милиона долара обрт ... Сигурно нешто пак заборавив ...
- Скопје прерасна во центар на светот ...
- веќе десет години сме во фаза на увоз на млади таленти од светот (особено од Индија и Кина) ...
- сите Македонски граѓани се вработени и сме во страшен недостаток на работна сила ...
- се повторува по-земјотресниот период, кога Скопје прерасна од паланка од 200.000 жители во мегалополис со дојденци од цела бивша ЈУ ... особено од Косово, Санџак и Босна ...
- просечната бруто плата во МК достигна 100.000 долари на годишно ниво ... а во Скопје просекот е 140.000 долари се разбира на годишно ниво ...
Градоначалникот на Аеродром планира да влезе во гинесовата книга на рекордите со градење на три највисоки згради на светот ... какви “генијални идеии“ од малиот мозок на градоначалникот на Аеродром ...
Трите 160 катници ке се граделе на локалитетот меѓу бензинската пумпа „Макоил“ и комплексот на касарната „Гоце Делчев“.
Се прашувам - заради што се глупираат скопските власти со вакви забавно футуристички проекти ... веројатно да не забавуваат преку медиумите ... можно е да има и друга варијанта - проектите кои би се правеле за вакви високи градби (ке ги плати веројатно општината ...) би биле со многу нули ... а кај има многу нули и мала провизија е истотака со многу нули ...
Друго објаснување не гледам.
1 comment:
е неписмен - се пишива АЕРОДРОМ а не АЈРОДРОМ
Post a Comment