
Еве ја првата група коледарчиња ... како гледам некоји мајки или баби се потрудиле да стокмат од оние специјалните коледарски торбички ... сега не се од стари материјали - ткаени и везени ... но важно се потрудиле ...

Секоја домаќинка посебно се спрема за коледарските поклони ... вака се спреми мојата ... Ги пречека првите неколку групи и потоа ме остави мене оваа година за првпат да делам коледарски поклони ... имено се погоди недела и таа (домаќинката ми ) замина на неделната литургија во соборниот храм ...

Втората група коледарќиња беа циганчиња ... ромчиња де ... Како што се гледа од кесите Македонците рамноправно ги даруваат и циранчињата кои оваа година беа трипати побројни ... и погласни ...

Група девојчиња ... коледарки ...

Уште една група циганчиња ... колку само се радуваат ...

Овие дечиња специјално ме радуваат секоја година - кога ке ми се појават на вратата ...

Уште една група на коледарчиња ... предвесниците на доаѓањето на божиќ ...

По напорната работа - право кај дедо и баба ... или можеби дома ? ...
No comments:
Post a Comment