Search This Blog

Thursday, January 17, 2008

УЈП ... Пријавето го вонредниот приход ... и имот ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/94CBCB26EF0EE54F8D1042F681A451B2.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Воколку не го пријавите приходот до 15 Март - кој не ви е основен, плата, пензија ... има шанса да заработите прекршочна пријава и казна од 500 до 1.000 евра. Ова е препораката од УЈП која минатата година оствари добро работење ... го наполни буџетот. За сите приливи даночните обврзници треба да платат данок од 12 отсто, колку што во 2007 изнесуваше стапката на персоналец.

- сите што земаат пари од кирии,
- хонорари,
- членства во управни одбори,
- капитални добивки и слично мора да ги пријават овие приходи. Подетално, тука влегуваат
- примањата на членовите на органите на управување и надзор на трговските друштва,
- потоа примањата на функционерите,
- пратениците,
- советниците и другите носители на јавни функции, како и
- надоместок за работа на судии,
- поротници,
- вешти лица и
- стечајни управници, кои немаат својство на вработени во соодветните институции. Персоналец ќе треба да платат и
- членовите на Македонската академија на науките и уметностите за своите надоместоци. Во оваа категорија влегуваат и
- приливи од имот и имотни права, како и
- приходи од авторски права и
- права од индустриска сопственост, односно
- вајарски дела,
- уметничка фотографија,
- сликарство,
- модно креаторство,
- научни, стручни и публицистички дела и слични приливи. Пријави мора да достават и
- обврзници кои остваруваат лични примања од странство, како и
- примања од дипломатски претставништва на странски држави.

УЈП информираат дека лани во овој период, за данокот за 2006, пријави доставиле 19.447 лица, но УЈП открила дека требало да го направат тоа дури 46.413 граѓани, кои потоа биле задолжени да си го платат данокот. Добар дел, поради доцнењето, заработиле и прекршочни пријави.

Сега нешто не ми е јасно. Значи сите што добиле било каков приход од горните групи на вкупниот приход треба да платат персоналец 12 проценти ... Значи државата ке се опари. Зарем персоналецот не се плаќа кога ги примаат приходите ??.

- Линеарен данок
- ЕСТРАДАТА затајува данок ...
- Данок на штедни влогови од 10 проценти ...
- ДЕН НА ДАНОЧНА СЛОБОДА

Незнам зошто се избегна модел на ДДВ каде секој граѓанин (фамилија ...) е и даночен обврзник ... Што ми е зборот. Ако секој граѓанин т.е. семејство е такадаречам ДДВ обрврзник тогаш ке ја имаме убиствената пресметка на на ДДВ и фискализација која секој граѓанин ке ја спроведува и ке биде одличен промотор на севкупната фискализација ...

На крајот на некакви пресметковни периоди ... шесмесечни ... квартали но секако годишни и фамилијарните обврзници ке прават пресметка како и фирмите на ДДВ и воколку преплатиле данок ке имаат право на поврат ... воколку пак приходите им се поголеми од некакви замислени позиции ке мора да платат нови даноци ...

Идејата е да не лежи парата под перница туку да се врти ... Во таков случај ке мора да се признаат и сите лични трошоци на граѓанинот ... коли, викендици ... швалерки .. :) ... школувања .. и незнам што ...

Државата избега од овој модел кој е во многу западни демократии прифатен и одавна имплементиран ... Пред дваесетина години бев на посета во Канада на мојата фамилија ... Уште од ајродромот па се до враќањето повторно на ајродромот братучедми кој е забар и еден од побогатите во Торонто ревносно ги собираше сметките ... Го прашав бате а зошто ти се ... ?! ... Ми требаат за пресметка на ДДВ ... Нешто слично такво прават и моите роднини во САД ...

1 comment:

Anonymous said...

Me interesira da mi se odgovori na slednovo prasanje: Dokolku imate nevladina koja raboti so kulturni proekti i site aktivnosti kako na primer izlozba materijali i sl se nameneti strogo za tie sredstva na koja osnova treba togas da se plati Personalen danok?

Blog Archive

Site Meter