Search This Blog

Thursday, January 03, 2008

Влада - отворена седница ... Груевски пи-ар ...

Ете и тоа бидна. Нова забава за народот (по седниците на Парламентот ...). Видовме како работи Владата ни - во едно редовно заседание ... Незнам кога почна со работа седницата но јас ја одгледав работата во касните сати до полноќ ... добар саат ипол ... Женами само искоментира “е па овие цел ден работат“ ... Значи одгледав неколку последни точки од дневниот ред 150 ли беа колку ли беа ... и присуствував на точката - разно порано ја викавме, сега беше именувана со помодерно име (пак не ми текнува ...). Е тука премиерот почна унакрсно да ги прашува Министрите кој проект до каде е ... очито сака да биде запознат со детали до ситници ... стално инсистираше на кратки рокови ... Некои од Министрите добро се снаоѓаа во одговорите (Селмани, Славевски и Министерката за полиција особено ...) ... Се обрука некој од замениците во Министерството за Култура ... на повеќето од точките неспремно одговараше ...

Од Министрите не ги видов оние за странски инвестиции (веројатно се растрчани да бараат инвеститори ...) и министрите Албанци ... на нивни места беа замениците или некои други ...

Како и да е Груевски продолжува со својот начин на Пи-ар представување дека упорно работи за доброто на Македонија ... Верувам дека тој ден многу од мажите во Македонија ја одгледаа седницата ...

Ме чудеше само што улога имаа компјутерите упрчени пред Премиерот и Министрите - кога покрај нив имаше купишта од хартии ... и сите гледаа во материјалите од хартија ... Во ерата на дигитализација на се и сешто од образование до тендери ке мора и Владата со Министрите на чело да одат на курсеви за употреба на компјутерите, кои сега стојат пред нив само како декор ...

- ГРУЕВСКИ - работи на својот рејтинг
- Груевски ... Пи-ар ... стомакот ке одлучува ...
- Блогот на Никола Груевски
- Владата на Груевски признава дека може и да згреши ...
- ТЕВТЕРОТ НА ГРУЕВСКИ vs. е-ВЛАДА

Image0519-1949(A1)[2].jpg

Image0519-1949(A1)[6].jpg

Image0519-1951(A1).jpg

No comments:

Blog Archive

Site Meter