Search This Blog

Monday, January 28, 2008

Ване Шиндовски ... колекционер на старини ... приватен музеј

Сликата “http://www.spic.com.mk/images/Editions/491%2032/reportaza.JPG” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Пред десетина годни случајно се запознав со Ване Шиндовски, кој во Сопиште покрај патот има направено со свои средства вистински мал музеј ... Имав и порано запознаено луѓе кои собираат старини - но волку голем колекционер и вљубеник во сето та не бев сретнал до тогаш ... Веќе неколку години се спремам да појдам со фото апаратот и микрофонот да направам фото сторија за него ... Пролетва т.е. летово најверојатно тоа и ке го остварам. Тогаш во неговата колекција на книги ми западна едан книга со наслов “За Македонија и Македонците“ ... така некако, навистина стара книга и ретка ... која ми ја даде и ја фотокопирав ... Ване таа книга ја пронашол во купот на книги кои Владата на РМ се спремала да ги фрли како непотребни ... Пред некој месец истата книга ја дадов да ја фотокопира еден Магистрант по историски науки, кој никако неможел да ја најде за да ја користи како извор за својот докторат ... почитуваниот пријател е асистент на една од катедрите за историските науки на Факултетот за Историја при Филозофскиот факултет Скопје ...

На Ване Шиндовски ме подсети написот на Шпиц - Индијана Џонс од Сопиште ...

Песок од Сахара, француски коњак од времето на Балканските војни, каубојски револвер, џебен часовник што го носел непознат комита, борбен авион и глинени и бронзени садови се само дел од бројните сувенири и археолошки пронајдоци, кои може да се најдат во дворот и во приватниот музеј на колекционерот Ване Шиндовски од скопската населбата Сопиште.

Значи ветувам дека ке следи фото сторија за Ване Шиндовски а ова тука е само подсетување за моето ветување кое си го дадов самиот на себе ... Изразувам благодарност на новинарот на Шпиц Дејан РИСТОВСКИ кој ме подсети на Ване ... Ване инаку со еден од своите мотори стално учествува на изложбите на одтајмери кои се организираат еднаш годишно на скопскиот плоштад ...

Во овој правец имам уште неколку фото стории во најава ... за еден од најголемите колекционери во Македонија за стари автомобили Проф. д-р. Пижевски Стојко ... истотака мој пријател и професор од Економскиот Факултет ... За истотака еден друг колекционер и реставратор на една специфична марка на стар италијански автомобил ... Сликите се тука но записот ми исчезна ... Уф што убави две стории ... и за еден колекционер на Окарини - кој сега е реставратор ... а да, и за најмалиот приватен музеј во Македонија (Тетовско ...)...

Навистина ке бидат одлични стории ... но за такви добри стории треба многу работа и ке почекаме на нив ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter