Велија Рамковски е долго време во бизнисот во МК медијски простор ... Најпознат и доста успешен медиум е А1 ТВ ... создаден како приватна инвестиција на Рамковски но и помогнат од САД фондови и фондации ... Едена од тие донации на САД фондации Рамковски мораше да ја врати одкако во судски спор се утврди дека парите биле злоупотребени за набавка на трговска стока - која нема врска со медиуми ...
Создавајки го А1 Рамковски до скоро го пратеше проблемот на немање на градежна дозвола за објектот каде функционира А1 телевизија - и неплатени комуналии ... деновиве под притисок на присилна наплата го платил долгот за комуналии ... Ова плаќање веројатно создало дупка во неговите приходи и неможел веќе втор месец да ја исплати платата на вработените од Време ... (педесетина вработени ..)
Сега се дознава дека вработените во Време немаат редовно подмирени придонеси за пензиско осигурување ... а платите овие две години ги примале на рака ... кеш ... Од пред извесно време главниот и одговорен уредник Александар Дамовски го напушта кормилото ... Во петокот “тиквата“ во Време пукна ... Вработените од Време престана да го издаваат весникот ... а Рамковски им се заканил дека ке им даде плата само на оние кои ке потпишат анекс договори со клаузули за верност на две години ... вработените ги известиле сите надлежни институции и веројатно ке поведат судски спор ... Рамковски им ги сече телефоните и интернетот и со тоа им ја покажува вратата ...
Некои од медиумите го обвинуваат Рамковски дека стално шурува со актуелната власт и за сметка - институциите (инспекциите) да го остават на мира испорачува наклонето медиумско представување на власта ...
Со ова паѓа во вода идејата на некои луѓе дека можат да издаваат медиум за без пари ... имено Време беше наплатуван само по пет денари ... додека Шпиц е бесплатен ... Во империјата на Рамковски останува А1 - како квалитетно и моќно орудие на Ракковски ...
Случувањата во Време покажуваат колку се нашите МК новинари и новинарството воопто - независни ...
- “СЛОБОДА“ на медиумите
Дали е некој медиум навистина слободен т.е. независен - зависи од:
- Дали има финасискиска самостојност (највеќе...);
- Дали медиумите имаат политичка слобода (им дише ли некој у врат);
- Дали некој се меша во уредувачката политика - државата или сопственикот;
- Дали над уредникот - новинарите ... се вршат одредени притисоци, закани и уцени;
- Колкава е подкупливоста на медиумот - уредникот - новинарот;
- Има ли цензура на медиумите;
- Каква е структурата на сопственоста (државна, приватна, партиска ...);
- Се има ли транспарентност на сопственичката структура на медиумот;
- Каква е правната поставеност на слобоата на медиумите во определена држава;
- Се има или не слободен пристап до информациите;
1 comment:
Ги менувам сите македонски телевизии што ги следам преку кабелските оператори во замена за една HTV-2. И со доплата ако треба
Post a Comment