Ние постарите го сакаме снегот само додека го гледаме низ нашите прозорци ... штом излеземе од прагот на нашата куќа веднаш ги забораваме убавите спомени од детството и лудориите со снегот ... Но затоа се тука сегашните деца да ни покажат како сегашната генерација на деца се радува на снежните лудории ... Во малата прошетка низ населбата наидов на многу групи на дечиња кои низ игрите со снегот се радуваа сега ...
Еве една група на деца кои знаеа да му се израдуваат на снегот ...
Кога бев дете и ке видев дека паѓа снег од оној крупниот ... лапавица де ... Ке истрчев на улица и онака ке ги ловев снегулките со устата и со раширени раце се вртев во круг ...
Сакав да легнам на површина каде има доволно снег за да ми се оцрта телото - пак со раширени раце ...
Сакав да се “потпишам“ во снегот ... онака мочајки ... ние машките нели ја имаме та привилегија тоа да го можеме ...
Го сакав “грудвањето“ - незнам МК израз за мавање со топки снег ... Знаеше некој и со плачење да отиде дома ... Особено опасно е кога топката се прави од влажен снег ...
Го сакав санкањето ... никојпат не научив да скијам ... а тој спот беше и бајаги скап и не беше за мојот стандард ...
Ке направевме сличуги самоделски од парче дрво обложено со лим од палети ... ке се фатевме за градските автобуси и ке се држевме до наредната автобуска ...
Имам направено и самоделски санки за во село ... каде имавме едно идеално брдо за санкање ... Стазата беше скоро две стотини метри ...
Правевме сами или помагавме на постарите да се направи некој џиновски дедо мраз - со тенџере на глава, морков во носот, метла наместо рака, ќумурчиња наместо копчиња ...
Правевме лизгалици ... навечер кога ке се скамени времето ке донесевме вода и ке го посипевме идеалното место за лизгалица ... Утредента ке се утабуваше патеката ... и лизгање до бескрај и назад ... Знаеме да ги замаскитраме лизгалиците и стрпливо да чекаме некој да се фати во замката за да ги исправи ногите во воздух ... а ние скришно се кикотевме ...
Омилено лизгање ни беше таканареченото “Како први - така други“ ... Имено намерно ке паднеш ... за да паѓаат и другите ...
No comments:
Post a Comment