Search This Blog

Thursday, January 24, 2008

Св. Константин и Елена ... повторно во центар ...

Црквата „Св. Константин и Св. Елена Мина“, 1930-тите
Од CD-ROM-от „Скопје преку поштенски разгледници“ © Веселин Стефановски

На оваа фотка најдобро се гледа местоположбата на Храмот „Цар Константин и Елена“ ... непосредно пред земјотресот ... верувам дека ке побуди многу спомени ... за поголема кликните на неа и изберете ја првата опција ...

http://volanskopje.blog.com.mk/system/files?file=%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5,%201950-%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5.jpg

ВМРО-ДПМНЕ сака да има имиџ на одржувач и подржувач на сите религии и особено на МПЦ. Често донира и помага манастири и цркви ... Го изгради милениумскиот крст на Водно. Читам сега ке ја гради црквата „Цар Константин и Елена“ во единствената слободна маркичка во најстрогиот центар меѓу Стоковната куќа и ресторанот „Дал-мет-фу“ (пред објектот „Лумикс“), а ќе зафаќа и дел од улицата што води кон Собранието на Македонија. Црквата ќе се гради со пари од буџетот, но не се исклучуваат и донации од верници. Целиот проект му е доверен на Министерството за култура.

Да се подсетиме старата црква „Цар Константин и Елена“ беше истотака во строгиот центар многу близу до оваа локација и се наоѓаше во празнот простор (плочникот) во трговски центар оние кружните скали ... пред влезот во Стопанска банка ... Дел од темелите на црквата уште стојат и до нив може да се дојде преку подрумот на трговскиот ... Една врата води до темелите ... Самата црква беше двокополна а во нејзиниот двор имаше неколку високи дрвја (чинари ...) кои имаа прекрасни сенки ... Блиску до црквата била и родната куќа на Гонџа Бојаџиу - Мајка тереза ... Црквата беше падната во скопскиот земјотрес ... и МПЦ долго време бара соодветна локација да ја реизгради ...

Имаше и неколку иницијативи да се изгради барем мала црквичка на истото место со ист лик ... но локација за ова беше “Жена парк“ ... еден од инвеститорите ми се има јавувано за да му дадам слики од црквата - бидејки тие се навистина ретки ...

И самиот се залагав дека оваа црква треба повторно да се реизгради или барем во некаква мала форма да се обнови на старото место ... Овој предлог на Владата кој за реализација е даден на Министерството за Култура ке наиде на контраверзни реакции ... На оние кои ке го одобруваат ова со што на Скопје ке му се врати уште еден објект кој ке врати дел од душата на старо Скопје и на оние кои ке речат ок е - но зошто мора од буџетски пари (мои пари ...)

- Црквата меѓу скопјани позната како „Елена Константин”, според записите, е изградена во 1927 година. Славата на храмот била на трети јуни кога се одржувала свечена литургија. По земјотресот, кога почнала урбанизацијата на Скопје, на ова место според урбанистичкиот план за градот се предвидувал трговски центар. Неговата изградба, пак, почнала во 1971 година. Иконостасот, светите книги и другите богослужбени предмети, според прота Драги Костадиновски, се наоѓаат во другите цркви.

- за храмот, запишано е и тоа дека е осветен во 1926 година, иако изградбата почнала многу порано. Бидејќи има и тврдења дека тој бил изграден на темелите на друг храм и дека, наводно, датирал неколку века порано, историчарите на уметноста кои ги консултиравме се децидни - црквата „Цар Константин и царица Елена“ не можела да биде изградена пред 20 век, бидејќи од десната страна на Вардар во тоа време не постоел средновековен храм. Првите градби на десниот брег започнале дури по изградбата на Камен мост, кој бил завршен во 1480 година.

За Храмот „Цар Константин и Елена“ имав неколку поста во минатите години:

- Св. Константин и Елена ...
Имам и една прекрасна идеја да се собереме некој ден пред ГТЦ и во знак на сеќавање на црквата да запалиме свеќа. А уште подобро би било тоа да се обратиме до нашата црква и заедно со нив тоа да го сториме.
- Св. Константин и Елена - втор пост ...
- Св. Константин и Елена трет дел ...
- Св. Константин и Елена четврт дел ...
- Св. Константин и Елена пети дел ...
- Св. Константин и Елена шести дел ...
- СКОПЈЕ - ОБНОВУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ...

- Св. Константин и Елена ... Арвена-Археолошки дневник
- Светите Константин и Елена низ призмата на Миланскиот едикт - Историчар
Во науката постои неподелено мислење дека Константин Велики е првиот римски император кој го признал христијанството за рамноправна религија во Империјата....
- Изгрејсонцето на империјата ... Византија блог ...
- За Скопје, со малку носталгија ... Дневник ... ...Со Трговскиот центар, ги заробија првите кули во Скопје, чиниш немало место, па се стопиле еден во друг. Но затоа ја сотреа црквата "Св. Константин и Елена", а нашата мила и драга МПЦ не најде за згодно да направи барем еден мал параклис, нишан каде била црквата, во која многу скопјани се крстени и венчавани.....
- Градот сон и реалност ... Дневник ... ...Незаборавни слики од крштевките во црквата "Константин и Елена", свечен ритуал, свештени лица, многу роднини, величествените велигденски обичаи во храмот "Св. Димитрија". Во вечерните часови не може да се влезе во претесниот двор на црквата, во кругот на столетниот чинар...

- православен календар Денеска е и Св. Константин и Елена ... Дневник ... ...Во времето кога во Рим царуваше Диоклецијан, управник на западните римски области беше христољубивиот Констанциј Флор, кој во бракот со света Елена го доби синот Константин. Последниов во историјата толку се прослави, што го доби името Велики. За христијаните, пак, тој е првиот благочестив цар. Во 313 година, тој го издаде познатиот "Милански едикт", со што се прекина тривековниот прогон на христијаните во Римската Империја. Со него почнува една нова, христијанска ера во римската државна историја, а тоа Константин го одбележи со пренесувањето на престолнината од древниот многубожечки Рим, во новиот град Константинопол. Свети Константин го свика и Првиот вселенски собор во 325 година, на кој црквата ја осуди ереста на Ариј. Изгради многу величествени цркви, особено во Ерусалим. Пред смртта се крсти, а по смртта црквата го приброи овој цар меѓу своите светила, заедно со неговата мајка Елена...
- Популарноста на Скопскиот кеј - Време ... ... Тука се клучните препознатливости на градот - Народната банка, Офицерскиот дом, Камениот мост. Во тоа време се засадуваат и познатите дрвореди со липи и костени, а тука е и дел од скопското корзо. Во близината се наоѓаа Балетското училиште, училиштето „Иво Лола Рибар“, Педагошката академија, црквата „Св. Константин и Елена“, повеќе стари стилизирани индивидуални куќи...
- Светите рамноапостолни цар Константин и царица Елена ПОКРОВИТЕЛ НА ХРИСТОВАТА ЦРКВА ...

Еве успеав да пронајдам од мојата архива една слика каде може да се види црквата св.Константин и Елена. Црквата се наоѓа во десниата страна од сликата. Ставена е во круг - поголемиот најдесно. По мои пресметки таа е на некои 60 до 70 метри одалечена од Зградата на Дистрибувија на РМ. Во линија со стоковната куќа Нама и улицата што води према скалите од трговскиот.

http://volanskopje.blog.com.mk/system/files?file=%20%D0%A1%D0%B2.%20%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD%20%D0%B8%20%D0%95%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B0..%D1%81%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B8%201.jpg

No comments:

Blog Archive

Site Meter