Генијалноста на Славевски и неговиот тим е огромна ... тие не спијат а мислат како да го полнат буџетот - а де не ги налутат големите инвеститори особено оние кои се од странство (за кои има безброј повластици ...).
Ке рече некој - па што, тоа му е задача на Министерот Славевски да прибира данок и да го полни буџетот. Да, но кога тоа го прави кабинетски со противуставен закон - кој патем ке ги скара ВМРО-ДПМНЕ со скоро 250.000 избирачи, треба да се замислат сите ... Оние за кои се однесува ваков закон ... ВМРО-ДПМНЕ која ке изгуби со овој закон ... опозицијата која дозволи ваков лош закон да види светло на денот а да не дига галама ...
За што точно се работи. Министерот Славевски (и неговиот тим ...) пресметал дека од малите претпријатија кои имаат годишен приход под 3.000.000,00 денари дека не може да наплати скоро никаков данок на добивка, бидејки тие најчесто пакажуваат загуба. И сега наместо да се запраша зошто маливе фирми кои по сите предпоставки треба да се најпрофитабилни не покажуваат добивка и да створи амбиент да им се зголеми прометот и добивката ...
Тој веројатно поаѓа од предпоставка дека овие предпријатија манипулираат и не го прикажуваат целиот промет ... водат двојно книговодство... работат со кеш кој не го евидентираат ... или незнам како ... И сега наместо да пронајде кои се тие и да ги казни во законска постапка ... Тој реши да ги казни сите измислувајки нов вид на данок кој го нарече Данок на Приход (ваков данок имало последен пат во турско ...)... и одлучи да го смени Законот за Данок од Добивка (Сл.весник на РМ број 160 31.12.2007) ... и одреди сите овие предпријатија да платат данок на евидентираниот приход по сите основи во последните три години 1.5 % ... и сето тоа најкасно да платат до 31 Март оваа година ...
Смејте се, но ова ке ги заболи приближно 100.000 мали фирми кои се во оваа група ... Славевски сака од маливе да втера во буџет скоро цели 30 милиона евра ... само на база на еден закон кој е по повеќе основи противуставен ...
Противуставен е најпрвин затоа што прави различни услови (нерамноправни) за едни во однос на други ... што е во спротивност на уставното начело на равноправност на сите ... Тоа ти е како да ти рече е ти бидејки си побогат лебот за тебе ке биде 30 денари - но за Вас сиромавите што крадете многу лебот ке Ви биде 32 денари ... Славевски како да поаѓа од предпоставката “...ако видиш некој да се дави - бутни му ја главата подлабоко во вода побргу да се удави ...“
Понатака противуставен е поради ретроградното дејствие ... кое во сите правни норми е недозволиво ...
Од средината на Март сите ке пишуваат за ова ... но затоа сега сите мадро молчат ...
- Генијално решение ... овојпат ала Славевски ... Од предходниот линк ке видите дека не му е првпат на Славевски да смислува генијални решенија кои се однесуваат на најсиромашните граѓани на Македонија ...
No comments:
Post a Comment