Вчера беше прекрасен ден за шетање низ парк.
Чисто, бело, не толку студено - воздух за мерак.
Ама, во Скопје секогаш ќе се најде нешто за да ти го скрши меракот.
Некаде после 14.00, ја здогледав колата оддалеку и ја „штракнав“ со намера да ја пријавам во обезбедувањето на паркот. Последно нешто што го посакував е некој да ме труе со издувни гасови додека дишам со полна плуќа во природа.
Кога, колата застанува пред мене, еден батка отвора вратата и дрско, без „добар ден“, прашува:
„Што сликаш бе?“
- „Го сликам паркот“ - одлучно му одговарам, сеирџиски чекајќи да видам што ќе се случи.
Во истиот момент забележувам дека човекот е во униформа, на која пишува „обезбедување на град Скопје“ (или нешто слично).
Типот ја затвори вратата, и без „извинете“, без „пријатно“, без какво и да е објаснување зошто ме запрел продолжи да вози низ паркот труејќи ги излезените Скопјани.
Останав да се прашувам: Како ќе реагираше ако во истиот момент го пријавев, и тоа кај него, исполнувајќи ја мојата граѓанска должност?
Пред да си замине, му ги фотографирав и табличките. За секој случај.
Којзнае, можеби некој совесен службеник од Град Скопје го чита блогов, па ќе ми го побара бројот на табличките за да го казни несовесниот возач, кој веројатно е дел и од обезбедувањето на паркот.
На излегување од паркот, успеав да фатам уште еден автомобил.
Некои службеници земаат плата за да не се случуваат вакви работи и за да можат Скопјани да уживаат во паркот.
Постот е преземен од Жаре Зомбификација , како резултат на еден договор кој го имавме со него а го образлижив тука ...
Да подсетам на иницијативата се приклучија и
- Drugstore ... tunic ...
- Е многу се нервирам кога ... bolvicka ...
No comments:
Post a Comment