Ете се случува и тоа - иако блогот на Мирјана Најчевска постои веќе 11 недели јас за него дознав денеска преку коментарите на Букарски на еден од постовите на Најчевска ... Знаејки дека е ова еден од ретките академски граѓани кои се осмелиле и охрабриле да пишат блог и да искочат во жешкиот блог простот во МК благосфера се одлучив преку овој пост да го афирмирам блогот на Проф. Мирјана Најчевска (попозната како долгогодишен и доскорешен председател на Хелсиншкиот комитет на МК ...)
За неколку саати ги исчитав повеќето од написите кои Најчевска ги пишала на својот блог. Оние кои се борци за човековите права ке најдат сродна душа на блог просторот во блогот на Проф. Најчевска ...
Ги охрабрувам и другите подзаспани Професори и Академски граѓани - дека се добродојдени да го подигнат нивото а МК блогосфера со што би се добила и критична доза на релевантност ... а сето би допринело во забрзување на демократиските процеси во нашата држава ... секако ке се намали и генерацискиот дисконуитетот (јаз) на МК блогери ... Имено моментално МК блог-простор е место на претежно млади луѓе ... фалат луѓе од постарите генерации кои би ги кажувале своите богати искуства од професионалниот и личниот живот ...
2 comments:
Блогот е избришан или само преместен некаде?
В.
Блогот е преместен ... сега можете да го најдете на овој линк:
http://kvadraturanakrugot.crnaovca.mk/
Post a Comment