Сношти слушам изјава на Градоначалникот на Арачиново дека од денеска во Арачиново ке важат нови правила ... кои - ке ни кажел денеска ...
Арачиново е по многу што карактеристично и ги одбележа последните дваесетина години ... особено последните десет.
Кога ке се убие Македонец во својот двор ... кога ке се пали куќа на Македонец, кој тука се родил и е третто колено тука - тогаш сите комшии ништо не виделе, ништо не чуле ... како бе ... добар човек беше ... зошто ...
А кога ке се брка криминалот во Арачиново тогаш имаме изјави од типот - дека и криминалците имаат право на живот ... да имаат.
Општина Арачиново се наоѓа североисточно од Скопје (околу 12 km од главниот град на Република Македонија). Во состав на општината се четири населени места: Арачиново, Грушино, Орланце и Мојанце. Низ општината поминува регионален пат што ги поврзува Скопје со Куманово и Липково.
Врз основа на резултатите добиени од пописот во 2002 година, територијата на општина Арачиново се протега во 24 км2, со 11992 жители и 2582 куќи. Етничката структура на општината е следна:
- 90,72% Албанци
- 8.23% Македонци
- 0.54% бошњаци
- 0.11% Срби
- 0.01% Власи и
- 0.39% припадници на други етнички заедници.
No comments:
Post a Comment