Search This Blog

Saturday, January 05, 2008

Струја & Влада

Ке си речете што има заедничко во струја и Влада. Во нормални држави ниедна Влада не се споменува - со поимот струја ... Снемува струја и во други држави но таму не се поменува Влада како одговорна за тоа имало или немало струја ... Тоа го има сеуште во нашите балкански државички ... Албанија со години на ред страда со недостаток од струја ... До скоро не им ни требаше струја осем за осветлување - но со влегувањето на странскиот капитал во Албанија се отвораат бројни туристички капацитети по преубвиот Јадран ... а се отвараат и преработувачки капацитети ...

Струјата полека станува балкански проблем и веројатно се додека не проработат капацитетите за производство на струја од косовскиот лигнит - сите на балканот ке имаме мака за струја ...

Да се вратам кај нас. Ние немаме доволни капацитети за производство на струја. Увезуваме. Најчесто од Србија и Бугарија. До скоро имаше вишок на струја во Балканот - но со затварањето на Козлодуј се створи огромен недостаток на струја .. а нешто кога го нема а ти е неопходно е нормално да поскапи. Кај нас во општото поскапување на се и сешто - само струјата е со заштитена цена за населението ... Сега зошто Владата ја држи струјата на сегашната цена ?? ... Некој ке каже - па се спремаат нови избори оваа година ... Во изборна година покачување на струја - води кон незадоволство во електоратот ... и затоа струјата се доплатува од буџетот ... Но ова не може да трае во бесконечност ...

Владата се скара со новиот сопственик на дистрибутивниот систем ... во стална кавга се ... им нудат да им ги вратат парите од нивната инвестиција ... Кој е во право ке каже времето ...

Само за уште еден случај. Снема струја во најавено исклучување на дел од болницата во Филип Втори ... Пола Влада на чело со Премиерот, Министерот за здравство и првиот струјаџија дојдоа да светат со батерии додека првиот струјаџија магионичарски ги премостуваше фазите (од оние каде имаше струја во оние каде нема ...). Драматични изјави имаше од сопственикот на Филип Втори ... кој потоа демонстративно замина во Германија и неколку дена не оперира ...

Синоќа снема струја во цела Државна Болница или како се вика сега де ... Немаше струја цели 5 саати ... Никој од Владата не поита да свети во просториите каде беше нопходна струјата ... ??! Нели е ова лицемерно !!!.

- СНЕМА СТРУЈА
- ЕВН исклучува струја на Државни Имституции
- СО БЛОКАДА ДО СТРУЈА
- Зависност од увоз на струја
- МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ
- ПЛАЌАМЕ незнаење и јавашлук ...
- Купи поскапо продај поефтино ?!
- РОБИН ХУД - ВО СКОПЈЕ
- ЈАГЛЕН - ТИМЈАНИЧКА ЦУЦКА - НЕГОТИНО
- ГЕОТЕРМАЛНА ЕНЕРГИЈА
- Смрди нешто со продажбата на ТЕЦ „Неготино“ ...
- Штетни договори и уште поштетно нивно непочитување ...

1 comment:

Anonymous said...

Владата го пакува ЕЛЕМ за продажба.

Blog Archive

Site Meter