Search This Blog

Monday, January 28, 2008

Закон за најниска плата & СДСМ ... нова даночна реформа

Синоќа на кратко фатив едно парче од вест во некој од ТВ дневниците кека СДСМ ке предложи “Закон за најниски плати“ ... закон кој веќе го имало во дваесетина европси земји ... Тие демек се ставиле во анализа и израчунале дека дваица вработени (еден во текстилна индрустрија друг во кожарска) имаат заедничка плата од 12.000 денари а само потрошувачката кошничка за нивната фамилија била 15.000 денари (бројките не ги земајте за точни - битна е поентата ...). Поентата на СДСМ е - дека е недозволиво во државата да се работи со плата ... со одредено ниво со кое не можат да се подмират минималните трошоци за живот ...

Добро утро - за поентата ... Еве ке се вратам назад во моите постови што пишував на темата која сега ја отвара СДСМ а е пред се задача на Синдикатот (кој си спие ...):

- РЕФОРМИРАНО ЗДРАВСТВО - без пари ... 6 Април, 2007 - 12:18 ... тематиката е за “реформите“ во здравството ... но спомнав и:
Вака како е сите пари доделени од државата - преку фондот за здравство одат за плати и тоа мизерно мали кои не се доволни за оджување на минимален стандард и е одличен предуслов за мито и корупција ...

- Македонската плата - е социјална помош ...18 Април, 2006 - 18:06 ...
- Пред три години просечната плата во земјава беше четири пати поголема од бугарската и двојно од српската, а сега Бугарите не' стигнаа, а Србите не' поминаа
-Месечната плата на македонскиот работник во земјите од Европската Унија се добива за еден ден
.
- Пак за Македонските плати ... 26 Април, 2006 - 01:36 ...
Во Македонија нема утврдена загарантирана плата на ниво на држава.
-
За вработените во јавниот сектор Владата и Синдикатот утврдија минимална плата од 5.060 денари - 83 евра
-
Се уште не е утврдена загарантирана плата за вработените во стопанството и покрај притисоците од страна на Синдикатот за потпишување на Колективниот договор за стопанството.
-
Според најновите статистички податоци на Државниот завод за статистика, во јануари годинава нето-платата изнесува 13.328 денари (просечна) 214 евра.

Тука е речено истото што сега го вели СДСМ ...

- ПЛАТА ... 1 Февруари, 2007 - 16:26 Македонија има најниска просечна плата во однос на другите Ју републики ... Македонија 221 евро ... па се запрашав
- Како прежувува македонецот со вакви плати ... кои комбинирани со огромната бројака на невработеност - покажуваат дека сме банкрот држава ...
- Дефинитивно во Македонија никој не живее од плата ... затоа имаме огромен процент на мито и корупција ... 15 години од самостојноста наместо да ги решаваме економските и социјалните проблеми и наместо на гласачот да му е важно што досегашната власт направи за да ми биде подобро ... во економска смисла ... Ние секојпат гласаме за да казниме некого ... и веруваме на убавите зборови и прикаски
...

- РАБОТА – Македонски синдром ... 29 Март, 2007 - 18:20 ...
- Никако да тргне од мртва точка со вработувањето во Македонија и со зголемувањето на платите на оние кои работат - за да можат со платата што ја заработуват да имаат сигурна егзистенција ... Бидејки денеска и оние кои работат со платата што ја заработуваат не можат да ги покријат сите трошоци ... храна ... облека ... комуналии ... и други трошоци да на ги набројувам - па мора да се “снаоѓаат“ ... Некои се снаоѓаат со тоа што бараат и примат мито ... пет до 300 евра мито е редовна пракса во јавните служби ... царина
- Од друга страна имаме ситуација кога оној кој работи има филозофија - никојпат неможе толку малку да ме платат колку што можам - малку да работам ... Кога ке се направи пресврт во процесите ... ??!
- Денеска е нова мода кај младите - ке завршат со школтвото и велат - “... не само што нема работа - туку и несакам за работам за а речеме 10.000 денари ... тоа не ми е доволно ... и седат дома и чекаат родителите да ги ги финасираат ... а тие немаат во својата работна книшка ни ден стаж иако навлегуваат во 35 - тата година од живото ... Стварање фамилија - мисловна именка ... Се повеќе младите решението на проблемот го гледаат во бегање од Македонија ... Канада, Австралија, Нов Зеланд, работа на бродови, работа на платформи за нафта ... работа во кризните региони ... Ирак,Авганистан и незнам каде се ...
-
На Македонското стопанство никако да му тргне со зголемување на запослувањето - сеуште имаме негативен тренд во запослувањето се зголемува од година на година ... Платите на вработените оние кои успеваат да ги земат се “смрзнати“ а цените на парното , струјата, телефонот се флотирачки ... се зголемуваат ... Политичарите не замајуваат со разни ветувања кои после неможат да ги исполнат ... Меѓународната заедница ни врти грб и ни бара стандарди ... И така доаѓаме до ситуација која јас ја нареков “Затвор Македонија ...

Испаѓа дека она што го вели сега СДСМ го имам напишано во Март минатата година а и порано некаде ... видите го првиот пасус од предходниот цитат ... Каде бевте до сега СДСМ најака опозицијо ... се бавевте со самите себе ?? или сега решивте да почнете да си ја работите работата !?. ... Или сеедно зошто ова не го отворивкте како прашање додека бевте на власт ... или тогаш вработените имаа задоволително ниво на плати ... сакате набрзина да ќарите 70 тина иљади гласачи ... па зарем не Ви јасно дека толку сте изгубиле кога можевте да го донесете овој закон а не го донесовте ...

- Богата држава на сиромашни граѓани ... 2 Јуни, 2007 - 09:43 ...
- Можел ли да има богата држава со сиромашни граѓани ... Секако дека може такви држави има безброј на Афричкиот континент ... а полека и ние стануваме таква држава ...

- ОСМЕВКА НА ЛИЦЕТО ... 3 Јуни, 2007 - 18:19 ...
- Државата оштро удри по народот ... а народот или ова сеуште не го сфтил или незнам што треба да се случи - па да врати на свој начин ... со масовна непослушност или со нешто поголемо ... Дали некој намерно ни ја турка Државата во ваков процес на неминовен судир на државата и народот ... каде осмевка на лицата има само на три проценти од Македонците ...

- ДЕН НА ДАНОЧНА СЛОБОДА ... 25 Јуни, 2007 - 10:53 ...
- Граѓаните повеќе од половина година работат за да ги платат давачките за даноци, пензиски, здравствен и придонес за вработување.
- Земјава е на врвот по високите давачки за придонеси.
- Додека во другите земји тие изнесуваат до 50 проценти од платата, кај нас тие се од 60 до 70 проценти од месечната нето-заработувачка.
- … мора да се воведе бруто-плата во земјава како што е во другите земји од Европа и регионот. … работниците ќе знаат колку пари од бруто-платата завршуваат во државната каса и така ќе бараат соодветна услуга за парите што ги вложиле
.

- Нашиот ден на даночната слобода кога би бил ... 20 Јули или почетокот на август ... Ова покажува дека моделот на нашата држава е прескап за нашиот граѓанин ...

- БОГАТА ДРЖАВА - на сиромашни граѓани ... втор дел ист кадар ...
- Повеќе од 15 години платите на вработените стагнираат - додека цените на јавните давачки (струја, вода, телефон, парно ...) се со режим на слободно формирање на цени - по пазарни услови...
- Нашите плати се десет пати помали од европските а цените за прехрана и комуналии ни се исти ...
- Заборава некој дека си има проблем со триесетпроцентна невработеност ... а и оние што работат а поготово пензионерите неможат со својата плата, пензија - да опстанат ... да протераат од први до први ... Абе луѓе, политичари, прошетајте меѓу народот ... нели Груевски Ве советуваше за тоа ... не ги прашувајте за меѓународната политика ... прашајте ги како живеаат ... тераат ли од први до први ... Оставете го народот да ја преживее транзицијата ... помогнете му ... направите услови за вработување ... здравство ... школство ... Направете некаков мини Њу Дил ... Отворете процес на големи јавни работи - каде ке се запосли голем дел од невработените ... За тоа ако треба земете и кредити ... ке се исплатат на подолг рок ... Вака кредитите претежно ги користиме за “од шупљо у празно“ ... нема новосоздадена вредност
...

Како да се избаланситаат платите и трошоците на живот ... како тука државата да помогне ... како - преку нова даночна реформа која ја заговарам упорно подолго време ...

- ДЕН НА ДАНОЧНА СЛОБОДА ...
- Со воведувањето на ДДВ (данок на додадена вредност) се отиде со модел само стопанските субјекти да бидат носители на ДДВ ... Тие прават пресметки ... тие во своите биланси го додаваат и одземаат платениот данок ... На одделни периоди се врши балансирање на даноците ... и тогаш имате доплата на ДДВ или негов поврат ...
- Ваков ДДВ модел е навистина добар за државата ... бидејки таа најлеголно има шанса да ги прибере сите додадени даноци преку процесот на фискализација - кој е и смрт за сивата економија ...
- Незнам зошто се избегна модел на ДДВ каде секој граѓанин (фамилија ...) е и даночен обврзник ... Што ми е зборот. Ако секој граѓанин т.е. семејство е такадаречам ДДВ обрврзник тогаш ке ја имаме убиствената пресметка на на ДДВ и фискализација која секој граѓанин ке ја спроведува и ке биде одличен промотор на севкупната фискализација ...
- На крајот на некакви пресметковни периоди ... шесмесечни ... квартали но секако годишни и фамилијарните обврзници ке прават пресметка како и фирмите на ДДВ и воколку преплатиле данок ке имаат право на поврат ... воколку пак приходите им се поголеми од некакви замислени позиции ке мора да платат нови даноци ...
- Идејата е да не лежи парата под перница туку да се врти ... Во таков случај ке мора да се признаат и сите лични трошоци на граѓанинот ... коли, викендици ... швалерки .. :) ... школувања .. и незнам што ...Државата избега од овој модел кој е во многу западни демократии прифатен и одавна имплементиран
...

Значи да повторам секој граѓанин на ниво на својата фамилија треба да е ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК и на крај на годината му се врши повраток на данок или се оданочува ако има остаток од приходот (добивка ...) ...

Вака ке се реши и проблемот на социјалната подршка на фамилиите - кои немаат доволно приходи ... Сите плаќаме ДДВ и на сите треба да ни се овозможи да имаме поврат на ДДВ ... Вака сите ке мораат да издаваат фискални ... бидејки граѓанинот нема да купува ако не му дадеш фискална ... која му ја треба за да го намали приходната ставка во ДДВ пресметката ...

Изгледа комплицирано - но и не е толку ... по западните земји има упростени процедури за ова - треба само да се ископира ... топла вода по вторпат не мора да измислуваме ...

Се извинувам за долгиот пост ... Во постот за слична тема - Како Владата ке ќари 35 милиони евра од народот во Март ова година ... kapitalist во коментарите рече:
- Дури и ручек во ресторан со жена ти можеш да го пријавиш како бизнис ручек, си договарал работа. Нема проблем.

No comments:

Blog Archive

Site Meter