Минатиот систем никако не можеше да си го најде своето вистинско име ... се трансформираше меѓу социјализам и таканаречена работничка самоуправна демократија, никојпат не го ни помириса комунизмот ... на власт беше комунистичката партија ... окарактиеризиран е како “систем на едноумие“ ... новите генерации го нарекнуваат “комуњарство/комуњари ...“
Бидејки вистинските демократските системи победиа ... и ние влеговме во еден транзициски период на промена на системот ...
- оној недефинираниот социјализам, каде имавме измислена категорија “општествен капитал ...“ ...
- систем на таканаречено “работничко самоуправување ...“...
- чести измени на процеси на централизација и децентрализација ...
- системот беше во перманетна реформа ...
- државата трипати го менуваше името ... Демократска ... Федеративна ... Социјалистичка ...
- значи перманентна транзиција ...
- во системот се нафатираа оние кои беа највисоко на власта и кои само манипулираа со теоретските методи на управување ...
- Уставот беше најменуван акт меѓу државите на географска Европа ...
- власта беше сконцентрирана центристички во лицето на еден човек ... неговиот збор беше доминантен и затоа беше нарекуван како едноумие ...
- еден човек одлучуваше дали и како ке се судат луѓето за своите идеии (Голи Оток ...)...
- кој ке биде каде во власта ...
- дали и што ке се гради и каде ке се гради ...
- животот на посединецот зависеше од центарот и од кликата околу него ...
- имаше и некои работи кои беа добри ... слободата на движење во голем простор на ЈУ ... пасошот беше на цена и имавме безвизен режим со најголем број светски држави вкулчувајки ги сите европски ...
Што ново ни донесе сегашниот систем по 18 години на повторна перманентна транзиција ...
- наместо една централна партија - добивме повеќе партии кои додавајки во своето име “демократска“ ... се камуфлераа дека се демократски ...
- добивме неколку помоќни султан партии кои во завсност дали беа власт или опозиција ги губеа или ги користеја придобивките од власта ...
- добивме многу човек партии ...
- едноумието од државно - најпрвин стана партијско ... а партијата на власт - правеше партијска држава ...
- имавме неколку процеси ... распаѓање на големите системи кои се прогласија за загубари ...
- во тоа распаѓање на големите системи - наречено трансформација на капиталот дебело се омрсија поединци кои јас ги нарекувам воени профитери во време без војна ...
- луѓето, работниците преку системот на технолошки вишок беа бркани на улица а во фабриките и халите се вгнездуваа профитерите со своите обезбедувања ...
- државата со својот апарт за присила (полицијата и судството ...) се стави во одбрана на новоформираната олигархиска клика ... контра работниците, кои поради својот мирен карактер се препуштија на стихијата и апатијата ...
Новите технобирократи, олицетворени во новите демек демократски партии (неедноумни ...)
- даваат лажни примамливи за уши ветувања на избори - легално добиваат власт,
- преку тендерски постапки огромни парични средства одат за својата партија ... се разбира за себе ...
- се ствараат огромни привилегирани ситуации каде сега преку мамутски буџети кои секоја година се зголемуваат ја одржуваат гласачката партијска машинерија ... од 50/60 иљади администрација стигна на над 120 иљади ... заедно со пензионерите - се еден према еден со вработените ... се ствои трета категорија, армијата на невработените повеќе од 300 иљади ...
- се штанцаат закони демек демократски, каде сега богови се оние кои се во владата ... тие палат тие гасат ...
- најголем вработувач и творец на националниот доход, наеднаш повторно стана државата и државниот капитал ...
- тие централистички ги делат парите и преку тендерски манипулации спроведуваат систем на повторно тотално едноумие но овојпат на партијата на власт ...
- со коалициите шуруваат ... особено со оние коалициони партнери од албанска провициенција ... договорот е не ми се мешајте во мојата територија ... а ние ке ги подржуваме законите кои вам ви се важни ...
Сето ова ја урнисува економијата и стандардот на населението ... народот осиромашува, ја снемува средната класа ... има неколку проценти енормно богати ... над 40 проценти сиромаштија и останатите кои се на пат да станат сиромаштија ...
Последните десетина годин најважно на новата власт им беше најпрвин да ја земат власта во полицијата, правосуството (преку систем на изборна контрола ...)... значи партизација на извршната власт, партизација на јавната администрација ... собранието како највисок орган на власта стана само гласачка машинерија на владата ... пратениците “курвиски“ станува трговска стока ... се спроведува едноумие на владеачката партија ... сето ова обилно подпомогнато со перфидна контрола на медиумите кои се зависни од рекламните кампањи на владата ...
Јас негледам некоја промена во едноумието ... не гледам силен наплив на демократијата ... граѓаните дури не ги користат демократските сретства кои им останаа ... се` помал број излегуваат на избори ... знам луѓе кои на избори излегле еднаш или ниеднаш ... се сеќавате дури и референдумот за општините пропадна бидејки ја немаше потребната излезност ... се спуштаат цензусите за добивање на власта ... најпрвин се случи тоа со цензусите за локалната власт ... сега имаме намалување на цензусот за избор на Претседателот ... дури и извршната власт се добива со процент помал од 25 проценти од гласачкото тело ...
Демократијата се претвори во систем на перфидна манипулација на демократските процеси ...
2 comments:
apropo tvojov muabet za vlasta i narodot no i politickiot sistem... mozda ke ti bide zanimlivo da go vidis ova... http://www.za-sto-plakas.blogspot.com/ i ke ti stane jasno deka rabotive vaka ke si ostanat uste nekoja generacija sigurno...
i studentot nema kichma, kako sto nemale negovite roditeli
Ne e samo ednoumieto prisutno vo vlasta, tuku vo bilo koja partija nikoj ne smee da ima razlicen stav ili ne daj boze da glasa poinaku od liderot
Post a Comment