Дали толку го имаме допрено економското дно - што подолу неможе да се оди ... или сепак и МК економија ке ги почувствува ефектите на светската рецесија ... како што ги чувствуваме ефектите на глобалното затоплување ... глобализацијата како процес ... или глобалното загадување на планетата земја ...
До скоро сите владини стручни лица и ресорните Министри не убедуваа дека ние можеби може да имаме шанса во светската рецесија да профитираме ... демек ке дојдат инвеститорите од светот во нашиот “идеален систем“ на ниски даноци и добра економска клима и ке го тупнат нивниот вишок на пари во нашата економија ... Груевски и Министрите за странски инвестиции, заедно со амбасадорите - скинаа неколку пара чевли шетајки по центрите на економска моќ ... и не убедуваа дека слабите резултати се само реалност .. дека инвеститорите не носат одлуки преку ноќ ... дека од идната 2009-та година ке не боли глава од премногу инвестиции ... набрзина секој град направи своја нова индустриска бесцаринска зона ... море секое село ... и чекаат ... трската ја фрлија и чекаат ...
Но веројатно мамецот на трската не е погоден ... којзнае можеби на крајот на трската нема ни јадица ... нели тој е во вода па не догледуваме ... башка водата се заматува ...
Но да се вратам на рецесијата и приказна од постот ... сега кога нема бегање кога се` говори дека рецесијата ке биде неколкугодишна и дека сето тоа веќе се одразува и на МК економија ... се намалува производството во најзначајните извозни стопански гранки кои учествуваат во вкупниот извоз со над 50 проценти а можеби и повеќе ... нашите владини авторитети почнуваат да мислат на штедење ... како потреба со која ке се ублажи кризата ... на стегање на ременот ...
Тоа јасно го порача Вицепремиерот Ставревски на штрајкачкиот одбор во Образованието ... а јасно се осеќа и во ретерирањето на другите експерти и авторитети ...
Веројатноста дека нема да се оствари приходната ставка на буџетот - кој е ламја, најголем буџет досега е огромна ... цените на нафтените деривати паѓаат со значителна динамика ... како паѓаат цените така ке паѓаат и приходите од ДДВ-то и од акцизите од нафтените деривати ... ние граѓаните се навикнавме на алтернативни превози ... почнавме дури и ногите да ги користиме за да отидеме до трафиката за да си купиме цигари ... гледам на работа многумина одат со точаци кои ги извадија од подрумите .... малку ги подпоправија и сега се претвојија во главни џогерски справи ... дури и по студов ... значи се намалува јавната потрошувачка и автоматски се намалува и ДДВ-то ... ако ги додадеме намалените приходи од главните извозни гранки јасно говори дека рецесијата не само што е на врата - туку таа е веќе внатре ... ако го додадеме и намалувањето на дознаките од странство кое се очекува - јасно како ден е дека планираниот буџетскиот дефиците ке биде уште поголем ...
Владата не излегува со програма за справување на рецесија - бидејки мерките не се популарни за изборна година каква што е следната ...
Штедење, намалување на платите, исфрлање на непотребните трошоци ... отпуштање на вработени ... се` се тоа мерки кои не очекуваат ... колку и да се непопуларни таквите мерки ако не се преземат на време - ке значи само повисока цена која ке треба да ја платиме и ние како граѓани/полначи на буџетот и власта на изборите ... од стварноста и реланоста колку и да ја дотеруваме/шминкаме не се бега ... кога тогаш вистината ке исплива ...
No comments:
Post a Comment