Се сеќавам кога Влада имаше СДСМ, тогашната опозиција ја критикуваше дека надворешната политика на Црвенковски доведува до изолација на Македонија ако се бројат званичните посети на МК авторитети со странски Председатели и Влади ... од друга страна тогашниот председател Трајковски беше често канет гостин ... и ја уживаше популарноста во дипломатските кругови ... во почетокот на мандатот на Црвенковски како Претседател на државата истотака беше критикуван дека никој не го кани ...
Сега ситуацијата се менува ... Премиерот и Владата на Груевски поради лошата надворешна политика не е често/радо виден гост на меѓународната сцена ... врочем и Мирка Велиновска во својот напис тоа го констатира (Македонија нема надворешна политика) ... надворешната политика ни смрди на застоеност ... Редно време е Груевски да направи рез во надворешната политика, особено во Министерството за надворешни работи ... Срѓан Керим е на располагање ... Милошоски може да го шалта во евроинтеграции или да се поздрави со него ... а на Боцевски се гледа дека му лежи потпаролското место ...
1 comment:
Samo edno treba da se napomeni,deka nepopustlivosta(barem sega za sega) na o v a a vlada e glavnata pricina za "nemanjeto na nadvoresna politika" zamislete si samo kolku ke bese falena za "kooperativnost","razbiranje","dlaboka sorabotka" so sosedite,za tintiri mintiri i drugi gluposti koi se vo evropskiot vokabular,da bese kako "opozicijata" - so svitkana kicma.Za kakvo nemanje nadvoresna politika se govori, cista glupost,pa nie imame samo problem so grcite,donekade i so bugarite i toa samo zaradi postoenjeto na makedonskiot narod a druga rabota e sto Evropa ima edna kurvinska politika.Zatoa koga sakate da jadete burek,zavrtete ja tepsijata nekolku pati......
Post a Comment