Градслиот парк е место за прошетка на скопјани од сите генерации ... огромна површина во централно место на градот, градскиот парк треба да биде се она што за Њујорк е Централ парк - Central Park ...
Градоначалникот Костовски кога доаѓаше ветуваше дека градскиот парк ке светне со нов лик ...
- се гради одново кафеаната Кермес
- иницијатива за заживување на зоолошката градина ... нови животни ... нова двометарска ограда
- иселување на градската влада и совет од паркот
- реконструкција на улицата Илинденска
- подновување на градскиот стадион
- нови режими на сообраќај и движење на пешаците во и околу паркот
- ролер патеки
- место во близината за Вотерленд
- обнова на играчките во градскиот парк
- затворање на дискотеките во градскиот парк и на нивно место се планира мини Дизниленд ...
Што од горното се оствари ...
- кафеаната Кермес е во градба ... се исекоа многу од дрвјата во близината на Кермес ... се зголеми габаритот на Кермес ...
- зоолошката градина доби нова ограда ... иако се трудеше да обезбеди средства за купување на ови животни во зоо-градина тоа не беше доволно ... се направија неколку донации ... некои од школите посвојуваа животни ... но имаше и случаеви на малтретирање на животни - случајот со носорогот ... не се одстрани смрдеата од зоо-градината ...
- не ја исели градската влада и совет од паркот ... колку се само грди времените бараки ... колку грдо изгледаат исушените дрвја покрај оградата на бараките на градот ...
- Илинденска остана таква каква и беше ...
- Градскиот стадион се подновува со пари на Владата на РМ ...
- колку знам да не грешам душа нема нов режим на сообраќајот во и околу паркот ...
- да не заборавам се донесе пропис во кој се забранува движење низ паркот во ноќните часови ... и летни собирања на младите со седенки/пијанки низ паркот близу до фонтаната ...
- чинам дека се изградија ветените ролер патеки се гледа и од долната фотка ...
- ветениот вотерленд остана само ветен ...
- како што остана ветено обновувањето на играчките во градскиот парк ...
- дискотеките не се затворија а од мини Дизнилендот остана само празно ветување ...
- Сепак морам да признам дека од се што ветуваше Костовски сепак највеќе оствари во и околу Градскиот парк ... веројатно со тоа ја штитеше и својата лична иницијатива/инвестиција во обноватана Кермес ... кој сега прераснува во мини хотел ...
- при крајот на мандатот Костовски преку одлука на советот обезбеди пари за темелна реконструкција на стариот градски парк ... во околината на Кермес ...
- Еден милион евра од ребалансот на годинашниов буџет на Град Скопје ќе бидат одвоени за оградување и обнова на Градскиот парк ...
- Кршење клупи, канти, канделабри, уништување споменици на народни херои, крадење бисти, паркирање на зелени површини, како и злоупотреба на алкохол од страна на малолетни лица се примерите за вандалското однесување на некои граѓани.
- Засега предвидено е да се огради само стариот дел, чиј влез е кај Споменикот на Гоце Делчев.
- Освен нова ограда, паркот ќе добие и целосно зеленило по четири децении запуштеност.
- Годинава во рамките на оваа акција беа исчистени езерцата и каналите во Паркот, а потоа беа порибени.
- Почна и реконструкцијата на мостовите и на влезната партија кај фонтаната и Споменикот на Гоце Делчев.
- Големата обнова на зелените површини, која е предвидена за наредната пролет ... тревнатите површини во Градскиот парк не се сменети речиси четири децении ...
- Околу градскиот парк навелико се инвестира ... 1 Јуни, 2006 - 13:20
- Градски стадион ... се доизградува !! ... петок, декември 07, 2007
- Вардар е преземен од фамилијата Костовски ... 9 Јуни, 2008 - 12:44
- Скопје - Градски парк ... рана есен ... Skopje Gradski park - rana esen ... 19 Октомври, 2008 - 22:26
- Уживање ... Градки парк Скопје ... 21 Октомври, 2008 - 22:17
- Татко и син ... Градски парк Скопје ... Ден на мaкедонската револуционерна борба ... 23 Октомври, 2008 - 14:04
- Интермецо ... Градски парк рана есен 2008 ... 24 Октомври, 2008 - 13:30
- Шатки - Градски парк рана есен 2008 ... 24 Октомври, 2008 - 16:11
- Музичка школка - Градски парк ... рана есен 2008 ... 24 Октомври, 2008 - 19:52
No comments:
Post a Comment