Според кои параметри премиерот ја смести Македонија на повисоко место ...
- По две години работа на оваа Влада, од дното на табелата за странски директни инвестиции сега веќе сме на средината, а се надеваме дека во наредните години ќе бидеме некаде во погорниот дел. Тоа е нашиот план“, изјави премиерот Никола Груевски на „роуд-шоуто“ низ Америка, од каде што се врати со два потпишани меморандума - со „Интел“ за соработка и со Бостонскиот универзитет.
- Податоците за Романија се научна фантастика за Македонија. Таму само годинава за периодот јануари - септември влегле седум милијарди евра странски инвестиции, наспроти петте милијарди евра во истиот период минатата година.
- Србија е многу далеку од нас, заклучно со октомври таму годинава влегле рекордни три милијарди долари странски инвестиции. Очекувањата им се дека оваа бројка до крајот на годинава ќе се искачи на над четири милијарди долари. Една од најголемите зделки во Србија годинава е влезот на „Фиат“ во „Застава“, инвестиција тешка 700 милиони евра.
- Во Црна Гора во првите девет месеци од годинава влегле 434 милиони евра, што е за 15 проценти повеќе од лани.
- Во Бугарија инвестициите за периодот јануари-септември изнесуваат околу четири милијарди евра, додека лани нивото на инвестиции било шест милијарди евра.
- Во Хрватска само во првиот квартал од годинава влегле 688 милиони евра странски инвестиции, а лани нивото на инвестиции изнесувало 3,6 милијарди евра.
- Босна и Херцеговина имала 1,47 милијарди
- во Словенија минатата година влегле една милијарда евра странски директни инвестиции.
- Лани Албанија имала инвестиции од 463 милиони евра.
- Според Виенскиот институт, во 2007 Македонија била последна на листата од 20 држави во Централна, Источна и Југоисточна Европа, мерено според влезот на странски директни инвестиции. Предвидувањата на Институтот за годинава се дека ќе ја завршиме со половина милијарда евра, што би било најголемо ниво во земјава од 2001 година.
- Според најновите ревидирани податоци на Народна банка на Македонија, инвестициите во земјава во периодот јануари-август изнесувале 407 милиони евра. За минатата година, пак, податоците говорат дека странските директни инвестиции вкупно тежеле 506 милиони евра.
- Многу експерти ја оспорија оваа нова методологија на пресметка на странските директни инвестиции, во која влегуваат и кредитите што ги зеле странските фирми во земјава. Но, властите тврдат дека на тој начин инвестициите ги пресметувале и сите други држави.
- Инаку, според претходниот модел на пресметка, странските инвестиции лани тежеле околу 330,8 милиони долари, односно 258 милиони евра според Државниот завод за статистика.
- Виенскиот институт за годинава предвидува намалување на вкупното ниво на инвестиции. Ако лани во Југоисточна и Централна Европа биле инвестирани 23,73 милијарди евра, а во 2006 - 23,7 милијарди евра, за годинава прогнозите се дека тие ќе се намалуваат. Според прогнозите за годинава, Македонија повторно е на дното, зад Албанија.
- Според кои параметри тогаш нашиот премиер ја сместува земјава на средината на табелата по влез на странски инвестиции?
- Сите очекувања за подобрување на економските параметри во 2008 за земјава се темелеа на влезот во НАТО и добивање датум за преговори со ЕУ. Ништо од ова не се оствари. ... .... се случи и финансиската криза која ги однесе во рецесија повеќето од најголемите светски економии, а предвидувањата се дека тоа ќе се одрази и врз земјите од регионов. ... ... Европската комисија веќе прогнозираше дека економскиот раст во Македонија наредната година ќе се намалува, дека инвеститорите ќе се повлекуваат или ќе станат многу повнимателни, со што економскиот раст наместо 5,5 проценти, колку што се очекуваше, ќе се спушти на 4,5 отсто.
No comments:
Post a Comment