Високите казни за аптеките по 1000 евра допринесоа да се онивозможи 95 проценти од лековите да не може да се земат без рецепт ... за редовен лек (хроничните болни ...) мора да одиш на матичен лекар ... да чекаш редови ... се разбира и таму да платиш ...
До мојот дуќан има аптека и ги слушам луѓето како пцујат кога ке излезат ... се чудат луѓето дека - за нивни пари не може да си купат лек кој до сега редовно го купувале за своите хронични болести ... оваа одлука на Владата на РМ, изразена преку “Бирото за лекови“ нема долго да издржи ... ова ке даде јасен сигнал за повторно враќање на лековите по пазарчињата ... шверцот на лекови го имаше едно време - изгледа пак ке се врати ...
Владата е истрајна во казнување на граѓаните по сите основи и закони ... гради и нови капацитети на затвори ... но она што од неа се бара највеќе - вработувањето и стандардот на луѓето не успева да ги реши ... дали ова значи враќање на казната на избори ... дури ни премногу ред не е добар ако е наеднаш ...
No comments:
Post a Comment